shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички — Ренова

Работнички — Ренова

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Ренова

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички одигра 1-1 против Ренова на домашен терен во рамките на 12.коло од Првата фудбалска лига. Илијоски во првото полувреме донесе предност за нашиот тим, но во вториот дел повторно е испуштена предноста, откако Емини израмни на 1-1, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Милан Илиевски во 19.минута се закани од слободен удар, но беше за малку непрецизен, а шест минути подоцна Работнички дојде во водство.

rabotnicki - renova 3
Херера центрираше од левата страна, Алтипармаковски упати удар со глава, но го погоди дирекот, а на одбиената топка натрча капитенот Баже Илијоски и ја смести зад грбот на Ефремов.

До крајот на првиот дел Илијоски уште еднаш се закани, но не успеа да биде прецизен кон голот на Ефремов.

Во вториот дел, Ренова со нагласена желба да израмни, а тоа им успеа на „гипсарите“ во 77.минута.

По корнерот на Гафури, во мешаницата најдобро се снајде Изаир Емини и ја затресе мрежата на Божиновски.

Во самата завршница, Ренова остана со играч помалку поради исклучувањето на Емран Рамадани, но резултатот не се промени. Работнички оствари трето реми во серија.

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 1-1 (1-0)
Арена „Филип Втори“. Гледачи: 500. Судија: Стевче Шулески (Охрид). Стрелци: Илијоски 25’ (Раб) Емини 77’ (Рен). Ж. картони: Херера, Трајчевски, Ристевски, Илиевски (Раб), Мециновиќ, Шабани, Рамадани, Нухиу (Рен). Црвен картон: Рамадани (Рен).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Илиевски, Ристевски, Херера, Петровиќ, Трајчевски, Јованоски (82’ Ем. Сахити), Вујчиќ, Су. Сахити (78’ Ристовски), Алтипармаковски (71’ Митров), Илијоски.

РЕНОВА: Ефремов, Мишковски, Мециновиќ, Фетаи, Садики (57’ Мојсов), Рамадани, Шаќири (57’ Селмани), Нухиу, Шабани, Гафури, Емини (90’ Скендери).