shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Струга Трим Лум

Работнички – Струга Трим Лум

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Струга Трим Лум

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички одигра 1-1 против лидерот Струга Трим Лум во 14.коло од Првата фудбалска лига. Мечот се одигра на комплексот на ФФМ, а нашиот тим сега се наоѓа на осмата позиција на табелата со 15 освоени бода.

Тимот на Милан Илиевски одигра добар натпревар, а доколку ги искористеше шансите, можеше и до триумф.

Анес Рушевиќ ја имаше најдобрата шанса за Работнички во првиот дел. Максимов продре по десната страна, уфрли во шеснаесетникот, а Рушевиќ непречен од никого шутираше за малку крај дирекот.

Во завршницата на првото полувреме и Струга ТЛ имаше можност да поведе. Хоган Укпа создаде шанса, а Буњамин Шабани го погоди дирекот од голот на Работнички.

Во второто полувреме дојдоа и головите. Николче Шаркоски донесе водство за Работнички во 68.минута. Тој влезе во игра само неколку минути претходно и одлично реагираше на корнерот од левата страна. Со удар со глава ја затресе мрежата на Струга Трим Лум.

Сепак, гостите резултатски се вратија само четири минути подоцна. Буњамин Шабани доби топка од Бесарт Ибраими и го надмудри Игор Алексовски.

Шанса подоцна имаше и Бесарт Ибраими, но неговиот удар со глава го одбрани Алексовски.

Во следното 15. коло, Работнички ќе му гостува на Тиквеш во Кавадарци.