shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Победа

Работнички – Победа

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Победа

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички оствари триумф (1-0) против Победа во осмото коло од Првата фудбалска лига. Стрелец на победничкиот гол беше Анес Рушевиќ во 30.минута од натпреварот, на асистенција на Крсте Велкоски. По ова, Работнички се наоѓа на деветтата позиција со седум освоени бода.

Тимот предводен од Стојан Игнатов подобро го почна натпреварот. Шаркоски, кој се врати во клубот, веднаш стартуваше и одигра квалитетно, а правеше проблеми по десната страна. Тој подготви шанса за Гандо Биала, но шутот мина за малку крај дирекот.

Во 30.минута, капитенот Крсте Велкоски одлично го проигра Анес Рушевиќ, тој се ослободи од чуварите, излезе пред Тофилоски и го совлада.

Брзо по ова, Димитар Тодоровски шутираше силно, Тофилоски одбрани, а топката заврши во гредата.

Во вториот дел, Работнички имаше свои шанси за 2-0 кои останаа нереализирани, а Игор Алековски беше одличен во дуелите со противничките фудбалери и ја сочува мрежата.

Во 69. минута Методи Максимов шутираше, но за малку крај дирекот на Тофилоски, а и Крсте Велкоски можеше до погодок, со помош на блокот на гостите.

Сепак, топката заврши во корнер. Дејан Ѓуриќ го погоди дирекот.

Победа имаше одлична можност преку Иван Галевски, кој во 73. минута изби сам пред Алексовски, но тој му влезе во шут и ја спаси мрежата.

Во судиското надополнување Дејан Ѓуриќ доби втор жолт картон и беше исклучен, но Работнички го сочува минималното водство и освои три бода.