shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Шкендија – Работнички

Шкендија – Работнички

-

Шкендија

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички загуби минимално (1-0) на гостувањето против Шкендија во Тетово, во 30.коло од Првата фудбалска лига. Стрелец на победничкиот гол за Шкендија беше Љупчо Дориев од пенал во 55.минута од натпреварот.

Шкендија почна офанзивно, а Синдрит Гури ја имаше првата шанса во 12.минута, шутираше со глава, но Бурхан Мустафа одбрани. Пет минути подоцна Мустафа имаше уште една одлична интервенција.

Во 34.минута, Работнички имаше супер можност за водство. Марио Станковски доби одлична топка, излезе сам пред голманот на Шкендија, но Костадинов Захов успеа да го одбрани неговиот удар откако истрча и го скрати аголот.

На почетокот на второто полувреме, Дориев и Гури се заканија, а во 55.минута беше досуден пенал по прекршокот што го направи Бојан Илиевски. Сигурен реализатор на пеналот беше Дориев.

До крајот, Работнички се обиде да стигне до израмнување, но Шкендија имаше контрола на резултатот и стигна до минимален триумф.
Во следното коло, Работнички на домашен терен го пречекува Борец.

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 1-0 (0-0)

Градски стадион во Тетово. Судија: Игор Иванов (Велес). Стрелец: Дориев 55′ пен. (Шкендија). Ж. картони: Рамадани, Незири, Нафиу (Шкендија), Родригез, Илиевски (Работнички).

ШКЕНДИЈА: Захов, Тимовски, Цаке, Бејтулаи, Незири, Џеси, Рамадани (67′ Менсалао), Шала (67′ Маркоски), Дориев, Нафиу (92′ Дита), Гури (78′ Елези).

РАБОТНИЧКИ: Мустафа, Илиевски, Ѓорѓевиќ, Гоес, Ристовски, Родригез, Ангелов, Кутсија (83′ Ѓурчиновски), Зејнулаи, Тодоровски (71′ Аломеровиќ), Станковски.

Фото: www.kfshkendija.com