shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Македонија ЃП

Работнички – Македонија ЃП

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Македонија ЃП

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички го доживеа седмиот пораз оваа сезона откако загуби од Македонија ЃП со 1-2 на Националната арена „Тодор Проески“ во 18.коло од Првата фудбалска лига. Нашиот тим ќе презими на осмата позиција на табелата со 22 бода.

Работнички прв се закани кон голот на „лавовите“ во петтата минута кога Марја Ристовски упати удар крај дирекот. Но, потоа Македонија ЃП дојде во водство.

Во 16.минута Сефер Емини упати удар од 25 метри, Јанков ја одби топката, а на вистинското место се најде Арби Воша и ја погоди мрежата.

Бојан Илиевски имаше убава шанса, но со удар со глава шутираше над голот, а потоа и Димитар Тодоровски се обиде од 25 метри, но не беше прецизен.

Во 55.минута, Македонија ЃП го удвои водството. Ермедин Адем се реши на удар од 20 метри и го совлада Јанков погодувајќи во спротивниот долен агол.

Седум минути подоцна Марјан Ристовски постигна прекрасен гол и ја врати неизвесноста. Тој откосо од левата страна со прецизен удар погоди во спротивниот агол од голот на Стевковски.

Само три минути подоцна Работнички можеше до израмнување, но немаше среќа. Нововлезениот Бујар Хајдари со удар со глава ја погоди гредата од голот на Македонија ЃП.

Во финишот, Ристе Јанков му одбрани пенал на Ермедин Адем. Тој со одлична интервенција во 89.минута го сктори ударот од белата точка. Сепак, триумфот им припадна на гостите.

Наредниот првенствен натпревар Работнички го игра на 13 февруари следната година на гости против Пелистер.

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-2 (0-1)

Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Александар Ставрев. Стрелци: Ристовски 62’ (Работнички), Воша 16’, Адем 55’ (Македонија ЃП). Ж. картони: Ристовски, Илиевски (Работнички), Алексовски, Божиновски, Воша (Македонија ЃП).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Илиевски, Позњак, Стојков, Аломеровиќ, Гоес (62’ Лазаров), Тодоровски, Л. Станковски, Ристовски, Стојкоски, М. Станковски (62’ Хајдари).

МАКЕДОНИЈА ЃП: Стевковски, Младеновски, Мишевски, Лазаревиќ, Фернандо, Емини, Адем, Филиповски (65’ Алексовски), Лемос (78’ Божиновски), Попзлатанов (78’ Фазлиу), Воша (Камара 90’).