shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Тиквеш – Работнички

Тиквеш – Работнички

-

Тиквеш

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички го доживеа седмиот пораз оваа сезона во Првата фудбалска лига откако загуби на гостувањето во Кавадарци против Тиквеш со 2-0. Тимот на Борче Христов имаше свои шанси на овој меч, но не ги искористи, а домаќинот тоа знаеше да го казни.

Работнички подобро го отвори мечот, но Едиз Спахиу ја имаше првата шанса, а голманот Ристе Јанков одлично интеренираше. Се закани Марјан Ристовски на спротивната страна, но неговиот удар беше блокиран.

Во 35.минута, Тиквеш стигна до предност. По нафрлувањето од десната страна, Анаел Нгоба зафати волеј – удар и го совлада Јанков.

Веќе во следниот напад Работнички имаше шанса да израмни, но ударот со глава на Марио Станковски успеа со крајни напори да го одбрани Столе Димовски и исфрли во корнер.

Во вториот дел имаше и сомнителен момент во шеснаесетникот на Тиквеш, но не беше досуден пенал, а Тиквеш поведе со 2-0, со голот на Едиз Спахиу во 69.минута. Аломеровиќ и Ристевски не се разбраа најдобро, Спахиу ја украде и топката тргна сам кон голот на Јанков, кој одбрани во првиот обид, но одбиената топка падна директно на ногата на напаѓачот на Тиквеш кој ја уфрли во мрежата.

До крајот, Работнички тргна со сите сили, Лука Станковски се обиде со глава, но не беше прецизен, потоа и Ламин Дарбо, но Тиквеш го сочува водството.
Во следното 16.коло, Работнички на домашен терен ја пречекува Ренова.

ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 2-0 (1-0)

Градски стадион во Кавадарци. Стрелци: Нгоба 35’, Спахиу 69’ (Тиквеш). Ж. картони: Наумчески (Тиквеш).

ТИКВЕШ: Димовски, Каракамишев, Деловски, Наумчески, Вареловски, Љамчевски, Петковски (87’ Да Силва), Мишов (51’ Ѓурковски), Ивановски, Спахиу (87’ Тасев), Нгоба (81’ Идризовиќ).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Илиевски, Ристевски (83’ Стојков), Позњак, Максимов, Аломеровиќ, Гоес (71’ Тантуровски), Тодоровски (65’ Лазаров), Ристовски, Л. Станковски, М. Станковски (65’ Дарбо).