shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – А.Пандев

Работнички – А.Пандев

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

А.Пандев

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички го оствари петтиот првенствен пораз откако загуби со 0-3 на домашен терен од Академија Пандев. По овој пораз, нашиот тим остана на 18 бода и се наоѓа на седмата позиција на табелата.
Академија Пандев многу подобро го почна натпреварот и многу брзо стигна до водство. Во седмата минута беше досуден слободен удар, Ристе Јанков успеа да одбрани тежок удар, но одбиената топка дојде до Ване Крстевски кој ја погоди мрежата.

Четири минути подоцна, Маронг повлече во противнапад, одлично го проигра Мартин Мирчевски кој ја избегна офасајд замката и излезе сам пред голманот Јанков погодувајќи за 0-2.
Тантуровски се закани со удар со глава по корнерот од левата страна во 19.минута, но беше за малку непрецизен, а десет минути подоцна Стојков продре во спринт, шутираше откосо од десната страна, но Јовановски исфрли во корнер.

Во финишот од првото полувреме беше досуден пенал за гостите. Ристевски беше во дуел со Шаркоски, ниту двајцата ја немаа топката кај себе, но Фуркан Идризи покажа на белата точка. Успешен реализатор беше Мартин Мирчевски и зголеми на 0-3 во 45.минута.

Тренерот Александар Влахо на полувремето направи големи промени во тимот и тоа резултираше со поагресивна игра на Работнички. Ристевски и Марио Станковски имаа убави шанси, а Андреј Лазаров ја погоди гредата, но, сепак, немаше погодок во мрежата на Академија Пандев. На крајот, гостите погодија дирек, а бодовите заминаа за Струмица.

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-3 (0-3)

Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Фуркан Идризи. Стрелци: Крстевски 7’, Мирчевски 11’, 45’ пен. (Академија Пандев). Ж. картони: Тантуровски, М. Станковски, Илиевски (Работнички), Илиев, Јовановски (А. Пандев). Ц. картон: Илиевски (Работнички).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Ристевски, Илиевски, Позњак (46’ Ристовски), Стојков, Тантуровски, Гоес (46’ Л. Станковски), Османоски (46’ Лазаров), Тодоровски (46’ Максимов), Стојкоски (70’ Дарбо), М. Станковски.

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Јовановски, Томовски, Шаркоски, Бихорац, Илиев (46’ Радиќ), Манев, Мартинага, Хаџановиќ (75’ С. Пандев), Крстевски (59’ Велиновски), Мирчевски (75’ Ивановски), Маронг.