shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Борец – Работнички

Борец – Работнички

-

Борец

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички ја оствари петтата победа оваа сезона во Првата лига, совладувајќи го Борец на гостински терен во Велес со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Димитар Тодоровски во 63.минута, завршувајќи успешно една одлична тимска акција со удар од десетина метри.
Борец го стартуваше мечот подобро, создаде две сериозни шанси пред голот на Јанков, но нашуот чувар на мрежата реагираше одлично, а Лука Трајкоски не беше прецизен.
Работнички се закани преку Кристијан Стојкоски, кој исто така беше за малку непрецизен со шут од 20 метри.

Во вториот дел, Работнички дојде до посакуваното водство. Во 63.минута беше изведена одлична тимска акција, топката дојде до Димитар Тодоровски кој со прецизен удар ја затресе мрежата.

Лука Трајкоски имаше одлична шанса на спротивната страна, но за среќа шутираше над голот од непосредна близина по додавањето од десната страна.
Стојкоски имаше шанса да го потврди триумфот во 72.минута, но реагираше бавно и на крајот неговиот шут беше изблокиран. Потоа имаше и уште една можност, но шутираше непрецизно.

Сепак, најважно е дека Работнички успеа да оствари триумф и да ја прекине серијата од четири меча без победа и постигнат гол.

Во следното коло, Работнички на домашен терен го пречекува тимот на Академија Пандев.

БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ 0-1 (0-0)
Стадион во Велес. Стрелец: Тодоровски 63’ (Работнички). Ж. картони: Стојкоски, М. Станковски, Ристовски, Гоес, Стојков (Работнички).

БОРЕЦ: Рниќ, Јанкулов (80’ Манасиевски), Садики, Раџен, Љума (60’ Ѓорѓиев), Талески (46’ Реџепи), Попоски (46’ Ефтимов), Николовски (68’ Зарате), Ѓорѓиески, Трајкоски, Ѓорѓевиќ.

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Ристевски, Илиевски, Позњак, Стојков, Гоес, Османоски, Аломеровиќ (49’ Ристовски), Л. Станковски (29’ Тодоровски), Стојкоски (80’ Максимов), М. Станковски (80’ Тантуровски).