shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Силекс

Работнички – Силекс

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Силекс

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички ремизираше (1-1) против Силекс на Националната арена „Тодор Проески“ во 20. коло од Првата фудбалска лига. Тимот на Александар Влахо имаше водство со првиот гол на Никола Прелчец во дресот на Работнички. Тој успеа да погоди во 53.минута, но Силекс стигна до реми со погодокот на Иван Галевски во 80.минута од натпреварот.

Кристијан Стојкоски ја имаше првата можност на натпреварот откако убаво беше проигран од Лука Станковски. Тој шутираше од 15 метри, но Даниел Божиновски беше добро поставен.

Силекс возврати преку Иван Ивановски кој имаше изгледна шанса по проигрувањето на Дејан Тантуровски од левата страна. Сепак, Ристе Јанков успеа да ги спречи и двата обиди на Ивановски.

Во 37.минута, Тантуровски излезе сам пред Ристе Јанков, но нашиот голман на феноменален начин, со рефлексна реакција со нога, успеа да спречи водство за Силекс.

Во 53.минута, Работнички дојде до предност. Методи Максимов се проби по десната страна, го проигра Никола Прелчец во средината, а тој од прва ја испрати топката зад грбот на Божиновски.

Неколку минути подоцна Прелчец се закани и со удар откосо од десната страна, но не беше доволно прецизен.
Се обиде и Кристијан Стојкоски, но без ефект.

Во 80.минута од натпреварот, Силекс успеа да израмни. Тантуровски ја префрли топката од левата страна, Пепи Ѓоргиев ја спушти за Иван Галевски кој од непосредна близина ја затресе мрежата на Јанков.

Работнички во финишот се обиде да стигне до ново водство и триумф, Прелчец и Стојкоски се заканија, но, сепак, на крајот остана нерешениот епилог.

Во следното 21. коло, Работнички на домашен терен ја пречекува Шкендија.

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1-1 (0-0)

Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Александар Грујоски (Кичево). Стрелци: Прелчец 53’ (Работнички), Галевски (80’ Силекс). Ж. картони: Максимов, Јевтоски (Работнички), Тимовски, Дурански, Карчески (Силекс).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Силјановски, Грозданоски, Ѓорѓевиќ, Максимов, Јевтоски, Тодоровски (72’ Лазаров), Ристовски, Л. Станковски (83’ Ѓурѓевиќ), Прелчец (90’ М. Станковски).

СИЛЕКС: Божиновски, Манасиевски (75’ Штерев), Благојевиќ, Драшковиќ, Тимовски, Карчески, Серафимовски, Ивановски (66’ Галевски), Тантуровски (81’ Нешовски), Дурански (75’ Мустафов), Ѓоргиев.