shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Борец

Работнички – Борец

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички ја оствари петтата победа во првенството совладувајќи го Борец со 2-1 во 18.коло од Првата фудбалска лига. По овој триумф, нашиот тим заминува на зимска пауза како седмопласиран тим на табелата со 24 бода.

Херој на триумфот на Работнички беше младиот 18 – годишен играч за врска, Лука Станковски, кој беше двоен стрелец.

Борец прв дојде до водство на натпреварот на арената „Тодор Проески“. Никола Прелчец во 12.минута постигна погодок по центаршутот на Ристовски.

Сепак, Работнички одговори само три минути подоцна со голот на Лука Станковски. Тој распали од далечина и ја погодиу мрежата на Борец. Откако се врати во игра резултатски, Работнички ја презеде контролата над играта и имаше уште неколку закани, преку Ѓурѓевиќ и Шаркоски, но без ефект.

Во вториот дел, повторно Прелчец се закани во 62.минута, но неговиот обид заврши над голот. И потоа, втор гол на Лука Станковски, овојпат за водство на Работнички.

Ѓурѓевиќ доби топка во шеснаесетникот, центрираше со левата нога преку себе, а на вториот дирек Станковски ја сочека топката и ја пласираше на вистинското место.

Стојкоски и Станковски во завршницата имаа шанси и за поубедлив триумф, но не успеаја да ги реализираат.

Првенството продолжува на 14 февруари идната година, а Работнички му гостува на тимот на Академија Пандев.

РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ 2-1 (1-1)

Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Александар Грујоски (Кичево). Стрелци: Лука Станковски 15’, 71’ (Работнички), Никола Прелчец 12’ (Борец). Ж. картони: Лазаревски, Стојков (Работнички), Ристовски (Борец).

РАБОТНИЧКИ: Лазаревски, Силјановски, Ѓорѓевиќ, Трајковиќ, Зука (76’ Пецов), Стојков (77’ Максимов), Јевтоски, Станковски, Шаркоски, Стојкоски (77’ Тодоровски), Ѓурѓевиќ (85’ Муарем).

БОРЕЦ: Ѓоргиевски, Ф. Ристовски, Стојчевски, Трајановски (87’ Стоименовски), Ефтимов (78’ Десниќ), Трајков (46’ Пеев), Коцев, Ристески, М. Ристовски, Фернандо (46’ Ѓоргиев), Прелчец.