shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Ренова

Работнички – Ренова

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Ренова

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички ја оствари четвртата победа во шампионатот совладувајќи ја Ренова на арената „Тодор Проески“ со 3-1. Тоа е втор последовен триумф за тимот на Ратко Достаниќ на домашен терен кој придонесе Работнички да се најде на седмата позиција на табелата со 21 бод, но четвртопласираниот Силекс има само бод повеќе.

Работнички го одигра можеби и најдобриот натпревар од стартот на сезоната. Веќе во петтата минута Николче Шаркоски имаше одлична шанса за водство, излезе сам пред Велии, но шутираше за малку непрецизно. Кристијан Стојкоски потоа двапати беше во супер-можности, но не успеа да го отвори резултатот, а на спротивната страна се закани Ремзифаик Селмани.

Во 41.минута Работнички дојде до предност од 1-0. Капитенот Горан Силјановски нафрли од слободен удар, а Драшко Ѓорѓевиќ со удар со глава ја погоди мрежата на Ренова.

На самиот старт на вториот дел, нашиот тим го удвои водството. Лука Станковски одлично повлече во противнапад, го проигра Николче Шаркоски кој овојпат не затаи во завршницата на акцијата.

Селмани и Гавазај се обидоа да го изненадат Јанков со удари од далечина, но без ефект, а потоа Работнички го зададе и третиот нокдаун. Повторно брза акција, Ѓурѓевиќ и Шаркоски пробија по десната страна, а Лука Станковски рутински ја погоди мрежата на Ренова.

Гостите успеаја да постигнат погодок во 75.минута, а стрелец беше Шефит Шефити.

Во следното коло, Работнички му гостува на тимот на Струга Трим Лум.

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 3-1 (1-0)

Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Александар Грујоски (Кичево). Стрелци: Ѓорѓевиќ 41’, Шаркоски 51’, Станковски 69’ (Работнички), Шефити 75’ (Ренова). Ж. картони: Стојкоски, Ѓорѓевиќ, Шаркоски, Стојков, Максимов (Работнички), Селмани (Ренова).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Силјановски, Ѓорѓевиќ, Трајковиќ, Пецов, Стојков (87’ Тодоровски), Јевтоски, Шаркоски (73’ Тошески), Станковски (82’ Чумиќ), Стојкоски (82’ Муарем), Ѓурѓевиќ (72’ Максимов).

РЕНОВА: Велии, Велија, Мишковски, Абдула, Шала (70’ Фетаи), Гавазај, Садики (70’ Стојчевски), Рамадани (46’ Велиу), Мухарем (46’ Јашароски), Шефити, Селмани.