shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Беласица – Работнички

Беласица – Работнички

-

Беласица

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички го оствари осмото реми од стартот на сезоната откако одигра 2-2 на гости против Беласица во Струмица во 13.коло од Првата фудбалска лига. По овој нерешен резултат, тимот се наоѓа на осмата позиција со 14 освоени бода.
Дарко Размоски во 17.минута донесе предност за Беласица, но Работнички одговори брзо и со погодокот од пенал на Фахрудин Ѓурѓевиќ израмни во 26.минута. Десет минути подоцна една убава акција на нашиот тим со гол ја круниса Николче Шаркоски и донесе пресврт.

Но, во второто полувреме, пенал за Беласица. Во 58.минута, Станковски стартуваше над Каланоски, судијата Бартон покажа на белата точка, а Каланоски беше и успешен реализатор на најстрогата казна.

Во следното коло, Работнички на домашен терен го пречекува составот на Пелистер.

БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ 2-2 (1-2)

Стадион „Благој Истатов“ во Струмица. Судија: Јосип Бартон (Скопје). Стрелци: Размоски 17’, Каланоски 58’ пен. (Беласица), Ѓурѓевиќ 26’ пен., Шаркоски 36’ (Работнички). Ж. картони: Митевски, Каланоски (Беласица), Ѓорѓевиќ, Зука (Работнички).

БЕЛАСИЦА: Ѓоргиев, Митевски, Коцев (79’ Михаилов), Серафимовски, Ивановски (69’ Истатов), Стојков, Сулев, Размоски, Калпачки, Каланоски, Да Силва.

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Пецов, Ѓорѓевиќ, Трајковиќ, Зука, Стојков, Тошески (71’ Муарем), Тодороски (64’ Стојкоски), Станковски (90’ Максимов), Шаркоски (64’ Петковски), Ѓурѓевиќ (90’ Чумиќ).