shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Шкупи

Работнички – Шкупи

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Шкупи

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички ремизираше против Шкупи играјќи 2-2 на арената „Тодор Проески“. Во натпревар со изобилство на шанси и голови, на крајот ремито е можеби најреален епилог. По овој резултат во 11.коло, Работнички се наоѓа на седмата позиција на табелата со 13 бода и го оствари седмиот нерешен резултат во сезоната.
Работнички тргна офанзивно, а прекрасен гол за водство постигна Лука Станковски во 13.минута. Тој доби одлична топка од Димитар Тодоровски, успеа во трк да ја скроти, влезе меѓу двајца противнички фудбалери и со лоб удар успеа да го надмудри Кристијан Наумовски.

Шкупи израмни во 28. минута. Глишиќ дојде до една топка во дуел со Зука, центрираше а Илирид Адеми на вториот дирек со удар со глава ја погоди мрежата на Јанков.

Четири минути подоцна, Дембо Дарбо побегна по десната страна, шутираше откосо, но го погоди дирекот.

На почетокот на второто полувреме Шкупи направи пресврт. Глигоров центрираше од десната страна, а Нето да Силва со удар со глава постигна погодок.

Сепак, Работнички не се предаде. Во 61.минута, стрелецот Лука Станковски беше во улога на асистент, а Николче Шаркоски влезе во шеснаесетникот и ја затресе мрежата на Шкупи. До крајот имаше обиди и на двата тима за да стигнат до триумф, но резултатот остана 2-2.

Сега следи пауза поради настапот на репрезентацијата, а шампионатот на Македонија продолжува за две седмици.
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 2-2 (1-1)
Арена „Тодор Проески“. Без гледачи. Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје). Стрелци: Станковски 14“, Шаркоски 61’ (Работнички), Адеми 28’, Нето 49’ (Шкупи). Ж. картони: Шаркоски, Стојков (Работнички), Илјази, Родригез, Дијак (Шкупи).
РАБОТНИЧКИ: Јанков, Шаркоски (67’ Тошески), Ѓорѓевиќ, Трајковиќ, Зука, Јевтоски, Стојков, Пецов, Станковски (90’ Стојкоски), Тодоровски (67’ Јаник Дао), Чумиќ (80’ Муарем).
ШКУПИ: Наумовски, Адеми (69’ Јусуфи), Кривањева, Илјази, Глишиќ (74’ Гоудијаби), Нето (79’ Исмаиљи), Дијак, Билали (46’ Глигоров), Алварез, Исени, Дембо.