shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Шкендија – Работнички

Шкендија – Работнички

-

Шкендија

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички ремизираше 1-1 против Шкендија во Тетово и освои важен бод во десеттото коло од Првата фудналска лига. Лука Станковски во 51.минута беше стрелец на израмнувачкиот гол за „романтичарите“, а десет минути подоцна постигна уште еден погодок кој не беше признат поради наводна офсајд позиција.

Шкендија дојде до предност во 16.минута со голот на Бесарт Ибраими. Тој одигра двојно со Љупчо Дориев и со прецизен удар од десетина метри ја погоди мрежата на Работнички.

Возврати Лука Станковски во 51.минута. Капитенот Горан Силјановски изведе слободен удар, топката дојде на вториот дирек до Станковски, кој од прва пласираше во небранетиот дел од мрежата на голот на Захов.

Ристо Јанков и на овој меч беше одличен на голот на Работнички. Во седмата минута го скроти ударот на Бесарт Ибраими, во 38.минута беше поуспешен од Валон Ахмеди, а во вториот дел исто така реагираше одлично при ударите на Дориев и на Ибраими.

По десет одиграни кола во Првата лига, Работнички се наоѓа на седмото место со 12 освоени бода.

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 1-1 (1-0)

Градски стадион во Тетово. Судија: Крумислав Ѓоргиев. Стрелци: Ибраими 16’ (Шкендија), Станковски 51’ (Работнички). Ж. картони: Дориев, Ахмеди, Павиќ, Тотре, Нафиу (Шкендија), Јевтоски, Шаркоски, Стојкоски (Работнички)

ШКЕНДИЈА: Захов, Мурати, Кривак, Павич, Дита, Алими, Рамадани (46’ Нафиу), Тотре (83’ Зејнулаи), Ахмеди, Дориев, Ибраими.

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Силјановски, Ѓорѓевиќ, Трајковиќ, Пецов, Јевтовски, Стојков, Тодоровски (72’ Тошески), Станковски (63’ Шаркоски), Петковски, Чумиќ (68’ Јаник Дао).