shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ренова – Работнички

Ренова – Работнички

-

Ренова

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички ја оствари втората победа, прва на гости во новата сезона, совладувајќи ја Ренова со 0-1 во Тетово, во рамките на петтото коло од Првата фудбалска лига. По овој триумф, тимот на Ратко Достаниќ се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 8 бода, три помалку од лидерот Шкендија.

Во тежок натпревар со мал број шанси, Работнички на крајот успеа да освои три бода против Ренова. Стрелец на победничкиот гол беше Петар Петковски во 78.минута. По уфрлувањето од левата страна, тој блокираше при ударот на Шала, а топката се одби кон мрежата на Хадис Велии.

Во деветтата минута, Петар Петковски се обиде од далечина, но Мишковски го блокираше неговиот удар. Во 18.минута, возврати Ренова. Башким Велија продре по десната страна, шутираше откосо, но Ристо Јанков успеа да одбрани.

Пред крајот на првиот дел, Драган Стојков шутираше од далечина, но Велии одбрани.

Во вториот дел, Петар Петковски ја искористи шансата и донесе триумф за Работнички на овој меч.

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 0-1 (0-0)

Градски стадион во Тетово. Судија: Стојанче Трпчевски. Стрелец: Петар Петковски 78′ (Работнички). Ж. картони: Ненад Мишковски (Ренова), Драшко Ѓорѓевиќ (Работнички).

РЕНОВА: Велии, Велија (71′ Велиу), Шала, Мишковски, Абдула, Гавазај, Фетаи, Садики (80′ Стојчевски), Гафури, Мухарем (46′ Јашароски), Шефити (80′ Селмани).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Силјановски, Ѓорѓевиќ, Трајковиќ, Пецов, Стојков, Јевтоски, Тошески (46′ Зука), Тодоровски (69′ Муарем), Петковски (86′ Чумиќ), Ѓурѓевиќ (86′ Максимов).