shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Вардар

Работнички – Вардар

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Вардар

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички ремизираше (1-1) против Вардар во четвртото коло од Првата фудбалска лига. По ова реми, нашиот тим има освоено пет бода во пресрет на репрезентативната пауза.

Во отворен натпревар, Петар Петковски се закани во 35.минута, а седум минути подоцна го проигра Димитар Тодоровски кој шутираше кон голот, но беше блокиран во последен момент од одбраната на Вардар.

Вардар поведе во 59.минута, а стрелец на голот беше Дарко Мицевски. Тој доби топка на левата страна, се одлучи на шут од прва откосо од десетина метри и ја затресе мрежата на Јанков.

Работнички тргна по израмнување, а замената на Ратко Достаниќ се покажа како вистински потег. Лука Станковски погоди во 76.минута, само неколку минути откако влезе во игра.

Потоа Работнички тргна и по триумф. Можеше да стигне и до три бода во финишот, најизгледната можност ја имаше Фахрудин Ѓурѓевиќ во 90.минута, но неговиот шут го одбрани голманот на Вардар, Филип Илиќ.

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 1-1 (0-0)
Арена „Тодор Проески“. Без гледачи. Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје). Стрелци: Ж. картони: Јевтоски, Трајковиќ, Пецов, Ѓорѓевиќ (Работнички), Лазаревиќ, Крстевски (Вардар).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Силјановски, Ѓорѓевиќ, Трајковиќ, Зука (79′ Пецов), Стојков (71′ Л. Станковски), Јевтоски, Петковски, Тодоровски (79′ Максимов), Чумиќ (62′ Тошески), Ѓурѓевиќ.

ВАРДАР: Илиќ, Д. Велковски, В. Велковски, Радуловиќ-Величковиќ, Крстевски, Најденов (90′ Реџепи), Мицевски, Лазаревиќ (76′ Петејчук), Попзлатанов, Цветаноски (46′ Блажевски), Петковски (71′ Стојановски).