shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Македонија ЃП – Работнички

Македонија ЃП – Работнички

-

Македонија ЃП

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички доживеа пораз (2-1) од Македонија ЃП на гостувањето во Ѓорче Петров, во првото коло од новата сезона во Првата лига. Поразот дојде во самиот финиш, во судиското продолжение, кога Ермедин Адем искористи невнимание во одбраната и ја затресе мрежата на Јанков.

Работнички беше рамноправен противник на овој дуел, но на крајот остана без бодови. Шаркоски ја подготви првата шанса во десеттата минута, но Мишевски расчисти во последен момент. Две минути подоцна, Воша шутираше со глава, а Јанков исфрли во корнер. Во 21.минута, Ковачев шутираше со глава, а Јанков одби во поле.

Македонија ЃП дојде до предност во 40.минута со голот на Боби Божиновски. Тој шутираше со глава по центаршутот од десната страна и ја затресе мрежата на Ристе Јанков.

Работнички се врати резултатски во 55.минута, Петар Петковски луцидно асистираше, а Димитар Тодоровски со шут откосо од левата страна го израмни резултатот.

Јанков во продолжението беше на вистинското место по ударот на Воша, но Македонија ЃП стигна до победа во 92.минута. Ермедин Адем натрча на топката испратена од десната страна и погоди на вистинското место.

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 2-1 (1-0)

Стадион во Ѓорче Петров. Без гледачи. Судија: Јосип Бартон (Скопје). Стрелци. Божиновски 40′, Адем 92′ (Македонија ЃП), Тодоровски 55′ (Работнички).

МАКЕДОНИЈА ЃП: Стевковски, Китановски, Мишевски, Ковачев, Атанаскоски, Емини, Демир, Божиновски, Воша, Филиповски, Фернандо.

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Силјановски, Ѓорѓевиќ, Трајковиќ, Пановски, Станковски, Шаркоски, Тодоровски, Стојкоски, Петковски, Максимов.