shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Шкендија (2-2)

Работнички – Шкендија (2-2)

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички не загуби, но доживеа елиминација од Шкендија во четвртфиналето на Купот на Македонија. По ремито (1-1) во Тетово, тимот на Ратко Достаниќ денеска одигра 2-2 на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Поради гол повеќе постигнат на гостински терен, Шкендија се пласираше во полуфиналето.

Фудбалерите на Работнички одиграа храбро и до последен момент се надеваа на пласман меѓу четирите најдобри екипи. Првата закана кон голот на Шкендија ја имаше Петар Петковски во 17.минута, но Реџепи го одбрани неговиот удар. Драган Стојков се повреди во 35.минута, а две минути подоцна Шкендија дојде до водство. По акцијата од левата страна, Валмир Нафиу шутираше прецизно од пеналтикот и го совлада Ристо Јанков.

Во 50.минута, Арменд Алими ја погоди стативата, а на спротивната страна во шанса беше Марио Крстовски. Израмнувањето дојде од пенал, го реализираше Стефан Јевтоски во 71.минута, откако претходно Меџит Незири играше со рака во шеснаесетникот.

Шкендија повторно дојде до предност во 75.минута со голот на Бесарт Ибраими кој на убав начин ја погоди мрежата на Работнички. Нето погоди статива, а Работнички и по вторпат израмни со голот на Марио Крстовски во 84.минута. Само две минути подоцна Работнилки имаше шанса и за триумф, но Реџепи го одбрани ударот на Петковски.