shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – А.Пандев

Работнички – А.Пандев

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

А.Пандев

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички стигна до трет триумф оваа пролет и со 25 бода се искачи на осмата позиција на табелата. Добрата форма на составот на Ратко Достаниќ ја материјализираше дефанзивецот Виктор Велкоски кој во 56.минута го постигна победничкиот погодок против Академија Пандев (1-0).

Херера изведе слободен удар, нафрли во шеснаесетникот, а Велкоски се снајде одлично, шутираше во пад и го изненади гостинскиот голман Душан Чубраковиќ.

Дождливото време не дозволи премногу игра на овој натпревар. Екипите внимаваа на сопствената мрежа, а Петар Петковски се обиде во 30.минута, но не беше прецизен.

На спротивната страна, Дамјан Шишковски имаше добра реакција кога во налет беше Љупчо Дориев и расчисти пред напаѓачот на Академија Пандев добро да ја прифати топката.

Во 78.минута, Сашко Пандев нафрли од левата страна, но Стојкоски не успеа да донесе израмнување.

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0 (0-0)

Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Без гледачи. Судија: Јован Качевски (Струга). Стрелец: Велкоски 56’ (Работнички). Ж. картони: Херера, Шаркоски (Работнички), Димов, Миловановиќ, Цикарски, Дориев (А. Пандев).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Велкоски, Ѓорѓевиќ, Херера, Јевтоски, Пецов, Аломеровиќ (64’ Шаркоски), Петковски (80’ Јаник Дао), Крстовски (72’ М. Тошески), Тошевски.

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Чубраковиќ, Јованов, Димов, Гранчов, Цикарски, Томовски (85’ Велиновски), Стоилов, Танушев (66’ С. Пандев), Стојкоски, Миловановиќ (77’ Мујеци), Дориев.