shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ренова – Работнички

Ренова – Работнички

-

Ренова

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички загуби од Ренова со 4-3 во 18.коло од Првата фудбалска лига и ќе презими на десеттата позиција на табелата со 15 бода. Нашиот тим имаше голема шанса да освои бодови, имаше водство од 1-3 на почетокот на вториот дел, но на крајот дозволи и да загуби. Ренова во период од петнаесетина минути постигна три гола за триумф.

Иван Марковиќ донесе предност за Работнички во 24.минута откако одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник, шутираше силно, а топката од гредата падна зад гол линијата.

Три минути подоцна израмни Арџент Гафури од пенал по играта со рака на Николче Шаркоски во казнениот простор.

Сепак, Работнички на одмор замина со предност од 1-2. Петар Петковски доби одлична топка во фор, истрча сам пред голманот Хадис Велии и одлично го надмудри.

На почетокот на вториот дел, во 48.минута, Петар Петковски зголеми на 1-3. Беше снаодлив во противничкиот шеснаесетник и од непосредна близина ја погоди мрежата.

Но, потоа се случи голем пад во играта на Работнички, а тоа го искористи Ренова за пресврт. Илирид Адеми во 60.минута намали на 2-3, а две минути подоцна Бојан Миовски со удар со глава израмни на 3-3.

Во 76.минута, Кадриу нафрли од десната страна, Ремзифаик Селмани постави нога и ја спроведе топката во мрежата за целосен пресврт.

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 4-3 (1-2)

Градски стадион во Тетово. Судија: Албрим Шаќири (Струга). Стрелци: Гафури 27’ пен., Адеми 60’, Миовски 62’, Селмани 76’ (Ренова), Марковиќ 24’, Петковски 37’, 48’ (Работнички). Ж. картони: Салији, Миовски, Селмани, Велии (Ренова), Ацковски, Шаркоски, Јаго (Работнички).

РЕНОВА: Велии, Садики, Мишковски, Зука, Велија, Салији (58’ Велиу), Адеми (90’ Биљали), Миовски, Кадриу, Гафури, Селмани (90’ Бекири).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Велкоски, Борха, Шаркоски, Стојков, Ацковски, Фазлију (81’ Костески), Јаго (74’ Пановски), Петковски, Марковиќ.