shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Македонија ЃП – Работнички

Македонија ЃП – Работнички

-

Македонија ЃП

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички го забележа десеттиот пораз оваа сезона во Првата фудбалска лига. Тимот загуби со 2-0 на гостувањето против Македонија ЃП. Стрелци на головите за противникот беа Ален Јашароски во 15.минута и Боби Божиновски во 70.минута од средбата. По ова, Работнички остана на последното место на табелата со 11 освоени бода.

Работнички имаше неколку одлични шанси во првото полувреме и не заслужи негатива. Но, Ален Јашароски во 15.минута одлично се снајде крај Клисура и Илиќ и успеа со одмерен удар да го совлада Шишковски. На спротивната страна, Марковиќ, Шаркоски и во завршницата од првиот дел Тошевски имаа убави можности. Се обиде и Херера, но Македонија ЃП на одморот замина со минимална предност.

Во вториот дел, домаќинот ги затвори приодите кон голот, а Боби Божиновски во 70.минута со удар од 16 метри зголеми на 2-0. Во финишот шанса имаше Фазлију, но Марко Јовановски го одбрани неговиот удар.

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 2-0 (1-0)

Стадион во Ѓорче Петров. Судија: Александар Грујоски (Кичево). Стрелци: Јашароски 15’, Божиновски 70’ (Македонија ЃП). Ж. картони: Да Силва, Мишевски (Македонија ЃП), Стојков, Клисура, Шаркоски (Работнички).

МАКЕДОНИЈА ЃП: Јовановски, Фернандо, Демир, Личина, Воша, Мишевски (83’ Филиповски), Нето, Емини, Божиновски, Да Силва (86’ Карваљо), Јашароски (78’ Блажевски).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Клисура (75’ Велкоски), Илиќ, Херера, Јевтоски, Стојков, Ацковски, Шаркоски, Петковски (58’ Фазлију), Марковиќ (75’ Борха), Тошевски.