shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Шкендија

Работнички – Шкендија

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Шкендија

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички загуби од Шкедија со 1-2 во 14.коло од Првата фудбалска лига. За гостите двоен стрелец беше Агим Ибраими, и тоа двапати од пенал, во 19. и во 90.минута од мечот. А Работнички поведе со голот на Николче Шаркоски во шестата минута. Во финишот Работнички остана и со играч помалку откако беше исклучен капитенот Горан Силјановски во 78.минута, поради два жолт картони.

Шаркоски донесе предност за Работнички во шестата минута. Тој одлично реагираше и со силен и прецизен удар од 14 метри го совлада Захов.

Но, во 19.минута судијата Александар Ставрев досуди пенал за Шкендија, по стартот на Стојков над Бесарт Ибраими. Агим Ибраими израмни на 1-1.

Ацковски и Шаркоски до крајот на првиот дел сериозно се заканија кон голот на Захов, а за малку непрецизен беше и Јаго.
Во вториот дел, Работнички исто така имаше одлични можности. Давид Тошевски и Горан Силјановски во иста акција, во 72.минута, двапати го загрозија голот на Шкендија, но Захов повторно одлично интервенираше.

Шест минути подоцна, исклучен беше Горан Силјановски, откако го заработи вториот жолт картон.

Во 90.минута, беше досуден нов пенал за Шкендија. Самир Фазли падна во шеснаесетникот по проигрувањето од Стенио Жуниор, а Ставрев покажа на белата точка. Агим Ибраими уште еднаш го надмудри Дамјан Шишковски од 11 метри и донеде триумф за Шкендија.

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 1-2 (1-1)

Национална арена „Тодор Проески“. Судија: Александар Ставрев (Скопје). Стрелци: Шаркоски 6’ (Работнички), А. Ибраими 19’, 90’ пен. (Шкендија). Ж. картони: Стојков, Силјановски, Тошевски, Борха, Илиќ, Ацковски (Работнички), Незири, Мици, Жуниор (Шкендија). Ц. картон: Силјановски (Работнички).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Илиќ, Клисура, Борха, Стојков, Ацковски, Шаркоски, Јаго, Петковски (65’ Тошевски), Марковиќ (73’ Јевтоски).

ШКЕНДИЈА: Захов, Мурати (61’ Садриу), Незири, Чешмеџиев (69’ Фазли), Мици, Алими, Тотре (83’ Хусмани), Жуниор, Имери, А. Ибраими, Б. Ибраими.