shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Вардар

Работнички – Вардар

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Вардар

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички го загуби дуелот против Вардар (0-2) во 12.коло од Првата фудбалска лига. Во завршницата од мечот, Вардар ги искористи своите шанси и славеше со двата гола на Даниел Аврамовски.

Работнички не беше инфериорен ривал, напротив, но повторно противникот знаеше како да ги освои трите бода, сценарио што неколкупати се повторува на мечевите на нашиот клуб оваа сезона.

Дарко Мицевски во првиот дел го погоди дирекот од голот на Шишковски, а Давид Тошевски имаше убава шанса по проигрувањето од десната страна, но не ја зафати топката.
Во второто полувреме, Работнички имаше одлична шанса прв да поведе. Во 74.минута, Иван Марковиќ упати силен шут од 30 метри, но Гачевски успеа да одбрани. Само две минути подоцна, Вардар поведе.

Аврамовски изведе слободен удар, топката удри во живиот ѕид, го смени правецот и го надмудри Шишковски. Во самата завршница, Аврамовски постигна и втор гол, откако по еден противнапад излезе сам пред голманот Шишковски и успеа да го совлада.

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-2 (0-0)

Национална арена „Тодор Проески“. Судија: Игор Стојчевски (Скопје). Стрелец: Аврамовски 76’, 90’ (Вардар). Ж. картони: Силјановски, Клисура, Херера (Работнички), Најдовски, Цветаноски (Вардар).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски (86’ Пановски), Илиќ, Клисура, Херера, Стојков, Шаркоски, Ацковски, Петковски (63’ Борха), Тошевски (69’ Крстевски), Марковиќ.

ВАРДАР: Гачевски, Брдаревски, Младеновски, Новак, Тошевски, Најдовски, Адем (Реис Жуниор 56’), Мицевски, Попзлатанов, Колевски (56’ Цветановски), Аврамовски.