shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Струга Трим Лум

Работнички – Струга Трим Лум

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Струга Трим Лум

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички го забележа шестиот пораз оваа сезона, откако на домашен терен загуби со 1-2 од Струга Трим Лум, во рамките на десеттото коло од Првата фудбалска лига. По овој пораз, нашиот тим остана на 10 бода и се наоѓа на десеттото место на табелата.

Уште на самиот старт Струга Трим Лум дојде во водство. Во десеттата минута, по корнерот од десната страна, Клисман Цаке со удар со глава го надмудри Шишковски.

Четири минути подоцна, Херера нафрли од слободен удар, но голнанот Урош Ѓуриќ боксуваше, а во 26.минута убава шанса пропушти Давид Тошевски, кој со глава шутираше крај голот.

Во 52.минута, Работнички израмни токму преку Давид Тошевски. Нововлезениот Јаго Гомес испрати центаршут, а Тошевски одлично реагираше и ја спроведе топката во мрежата на Струга ТЛ.

Три минути подоцна, одбраната на гостите во последен момент спаси погодок, а потоа по еден противнапад, во 73.минута, Флорент Османи постигна втор погодок за Струга Трим Лум.

Во судиското продолжение, беше досуден пенал за Работнички по фаулот на Марко Клисура. Но, Петар Петковски не успеа да го реалзиира, откако Урош Ѓуриќ го одбрани неговиот удар. Нијас Лена заработи црвен картон во тие моменти од мечот. На крајот, триумфот им припадна на гостите.

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 1-2 (0-1)

Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Јосип Бартон (Скопје). Стрелци: Тошевски 52’ (Работнички), Цаке 10’, Османи 73’ (Струга ТЛ). Ж. картони: Јевтоски, Јаго, Велкоски, Силјановски (Работнички), Цаке, Османи (Струга ТЛ). Ц. картон: Лена (Струга ТЛ).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Велкоски, Клисура, Херера, Јевтоски (80’ Ацковски), Тодоровски (46’ Јаго), Шаркоски, Марковиќ, Петковски, Тошевски (55’ Крстевски).

СТРУГА ТРИМ ЛУМ: Ѓуриќ, Алити, Цаке (72’ Тафе), Драгарски, Касами, Таири (67’ Далчески – 85’ Цветаноски), Кочовски, Лена, Рамадани, Османи, Кировски.