shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Борец – Работнички

Борец – Работнички

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички ремизираше (1-1) против Борец во Велес, во првиот меч од седмото коло во Првата фудбалска лига. По ова, нашиот тим со седум бода се наоѓа на осмата позиција на табелата.

Работнички подобро го започна мечот и поведе во 13.минута со голот на Борха Кордоба. По центаршутот на Николче Шаркоски од десната страна, Кордоба се најде во петерцеот и ја упати топката во мрежата од непосредна близина.

Четири минути подоцна Оливер Пеев со удар од далечина ја погоди гредата, а одлично интервенираше Дамјан Шишковски кој успеа да ја допре топката. Но, Борец сепак стигна до израмнување во 23.минута минути преку Ѓорѓи Ѓорѓиев.

По акцијата од левата страна, Христов ја пропушти топката, а Ѓорѓиев со удар од 16 метри ја затресе мрежата на Шишковски.

Во вториот дел, се закани Петар Петковски, но без ефект, а на спротивната страна Борец имаше можности преку Пеев и Христов. Сепак, на крајот Борец и Работнички ремизираа и ги поделија бодовите.

БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ 1-1 (1-1)

Стадион „Зоран Паунов“ во Велес. Судија: Петар Мантев (Неготино). Стрелци: Ѓоргиев 23’ (Борец), Кордоба 13’ (Работнички). Ж. картони: Гавриќ, Пеев (Борец), Тодоровски, Илиќ, Тошевски, Стојков, Пановски (Работнички).

БОРЕЦ: Георгиевски, Ристовски (86’ Петров), Стојковски, Гавриќ, Ѓоргиевски, Абаз (77’ Николовски), Ефтимов, Пеев, Коцев, Прелчец, Христов.

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Велкоски, Илиќ, Тодоровски, Кордоба, Стојков, Тодоровски, Ацковски, Јаго (83’ Пановски), Петковски (66’ Јусуфи), Тошевски (87’ Паповиќ).