shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Македонија ЃП

Работнички – Македонија ЃП

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Македонија ЃП

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички ја оствари втората победа во новата сезона, совладувајќи го тимот на Македонија ЃП со 1-0. Стрелец на победничкиот погодок беше Иван Марковиќ во 63.минута. Тој доби употреблива топка, излезе сам пред голманот Марко Јовановски и успеа рутински да ја смести во мрежата. На самиот старт од второто полувреме, Иван Марковиќ не реализира пенал, шутираше силно, но Јовановски го одбрани неговиот удар.

Првата можност ја имаше Боби Божиновски, но со волеј-удар шутираше над голот, а на спротивната страна се закани Себастијан Херера со шут од далечина. Фернандо ги испроба квалитетите на Дамјан Шишковски, шанса имаше и Давид Тошевски, но на полувреме се замина без голови.

На самиот почеток од второто полувреме беше досуден пенал за Работнички, но Иван Марковиќ не успеа да го претвори во водство. Сепак, се исправи во 63.минута, кога доби топка на работ од шеснаесетникот, излезе сам пред Марко Јовановски и успеа да го совлада.

Гостите се обидоа да возвратат, во игра влегоа Блажевски и Трајкоски, но Работнички успеа да го сочува минималното водство и стигна до победа. Во завршницата Себастијан Херера беше исклучен.