shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Вардар – Работнички

Вардар – Работнички

-

Вардар

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички загуби од Вардар со 2-0 во третото коло од новата сезона во Првата фудбалска лига. Во првиот дел немаше голови, но Вардар успеа да стигне до триумф со погодоците на Бојан Колевски во 56.минута и на Даниел Аврамовски во 90.минута.

Себастијан Херера на стартот од мечот со два удара од далечина се закани кон голот на Гачевски. На спротивната страна, Дарко Мицевски ги тестираше квалитетите на Шишковски.
Вардар поведе во 56.минута. Одбиената топка од Шишковски ја зафати со десната нига, и со помош на гредата ја погоди мрежата на Работнички. Три минути претходно, Колевски со удар со глава ја погоди гредата од голот на Работнички.

Во 59.минута, Јаго Гомез имаше шанса за израмнување, но завршниот удар кон голот беше многу лош.

Вардар пропушти шанса за втор погодок преку Даниел Аврамовски во 85.минута, но истиот фудбалер се поправи пет минути подоцна. Во 90.минута со погодок го потврди триумфот на Вардар.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 2-0 (0-0)

Арена „Тодор Проески“. Стрелци: Колевски 56’, Аврамовски 90’ (Вардар). Ж. картони. Адем, Цветаноски, Аврамовски (В), Шаркоски, Јаго, Ацковски, Херера (Р).

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Серафимов, Новак, Жуниор, Најдовски, Али, Мицевски, Брдаровски, Аврамовски (92’ Ибиши), Колевски (68’ Цветаноски).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Велковски, Клисура, Херера, Стојчевски, Стојков, Шаркоски, Ацковски (87’ Пановски), Марковиќ, Крстевски (74’ Паповиќ), Јаго (57’ Тошевски).