shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Шкупи

Работнички – Шкупи

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Шкупи

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички стигна до прв триумф во новиот шампионат на Македонија откако го совлада тимот на Шкупи на арената „Тодор Проески“ со 2-0. Иван Марковиќ во 23.минута донесе водство за нашиот тим по корнерот од десната страна. Тој успеа со волеј-удар да ја затресе мрежата на противникот. Во последните моменти од мечот, Димитар Тодоровски го постигна вториот погодок за Работнички, потврдувајќи ја победата.

Дарко Илиески во првиот сегмент од мечот со удар со глава ја погоди гредата од голот на Шишковски. Херера се закани од слободен удар, а шанса имаше и Страхиња Крстевски.

Во вториот дел, Серџо Јуниор беше најопасниот противнички фудбалер. Во 85.минута тој се закани со удар крај десниот дирек.

Во судиското продолжение, по една одлична акција од десната страна, Димитар Тодоровски доби топка во шеснаесетникот и со одмерен удар вторпат ја затресе мрежата на Шкупи.

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 2-0 (1-0)

Арена „Тодор Проески“. Судија: Игор Стојчевски (Скопје). Стрелци: Марковиќ 23’, Тодоровски 90’ (Работнички).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Илиќ, Клисура, Херера, Стојчевски (65’ Фазлиу), Тодоровски, Стојков, Шаркоски, Марковиќ, Јаго (80’ Тошевски), Крстевски (90’ Велковски).

ШКУПИ: Тулио, Бајрами (80’ Дембо), Адили, Билали (57’ Гудијаби), Илиески, Ламине, Стојановски, Љика, Исмаиљи, Серџо, Јурина.