shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Беласица

Работнички – Беласица

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Брегалница

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички ремизираше (1-1) против Беласица во 26.коло од Првата фудбалска лига. Тоа е второ реми под водство на новиот шеф на стручниот штаб, Баже Лазаревски. По ова, нашиот тим се наоѓа на шестата позиција на табелата со 33 бода.

Во првото полувреме немаше ниту еден директен удар кон двата гола. Работнички се обидуваше прелу Баже Илијоски, Петар Петковски и Херера, но шутевите завршија над голот на Вујанац. Беласица поведе во 51.минута. Христијан Денковски доби употреблива топка од Зоран Балдовалиев, излезе сам пред Ристо Јанков и го совлада.

Израмнувањето стигна преку Николче Шаркоски само четири минути подоцна. Себастијан Херера нафрли од левата страна, а Шаркоски со удар со глава постигна прекрасен гол.

Во продолжението, Шаркоски повторно се закани, обид имаше и Чарлс Гофри, но Вујанац не дозволи вторпат да се тресе неговата мрежа.

РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА 1-1 (0-0)

Арена „Филип Втори“. Судија: Марјан Ецкоски (Охрид). Стрелци: Шаркоски 55’ (Работнички), Денковски 51’ (Беласица). Ж. картони: Митевски (Беласица).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Ѓоргиевски, Вијачки, Борха, Херера, Петровиќ, Пеев, Шаркоски, Манојан (46’ Гофри), Петковски, Илијоски.

БЕЛАСИЦА: Вујанац, Џонов, Дробаров, Стојанов (75’ Митевски), Милушев, Вујчиќ, Сулев, Стојков, Тодоров (54’ Божинов), Савиќ (46’ Денковски), Балдовалиев.