shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – А.Пандев

Работнички – А.Пандев

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

А.Пандев

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички го доживеа првиот пораз во пролетниот дел од првенството, откако загуби од Академија Пандев со 1-2 на арената „Филип Втори“. Тоа беше трет меч на домашен терен за нашиот тим во продолжението од сезоната и се уште без триумф.

Работнички имаше многу шанси на овој натпревар, но голманот на гостите Душан Чубраковиќ беше речиси несовладлив. Го надмудри Жунињо Кабрал од слободен удар во последните мигови од средбата, но само за конечните 1-2. Претходно, Љупчо Дориев од пенал во 45.минута донесе водство за Академија Пандев, а Даниел Миловановиќ во 90.минута зголеми на 0-2.

Пред самиот крај на првиот дел, Милован Петровиќ играше со рака во шеснаесетникот, судијата Петар Мантев покажа на белата точка, а Дориев го совлада Ристо Јанков. Неволјите за Работнички почнаа во седмата минута, кога се повреди Даниел Божиновски, а на негово место влезе Јанков.  Во 20.минута, Јанков спаси сигурен погодок кога Томислав Илиев излезе сам пред голот.

Во 50.минута Оливер Пеев ја погоди гредата од голот на гостите, а претходно Душан Чубраковиќ со фантастична интервенција спаси израмнување по шутот на Петар Петковски. Во продолжението, Чубраковиќ беше поуспешен и од Блажевски и од Илијоски.

По овој пораз, Работнички падна на петтата позиција на табелата со 31 бод.

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-2 (0-1)

Арена „Филип Втори“ во Скопје. Судија: Петар Мантев (Неготино). Стрелци: Кабрал 90+5’ (Работнички), Дориев 45’ пен., Миловановиќ 90’ (Академија Пандев). Ж. картони: Петковски, Илијоски, Пеев, Вијачки (Работнички): Темелков, Илиев, Стојков, Чубраковиќ (Академија Пандев).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски (10’ Јанков), Ѓоргиевски, Вијачки, Димитровски, Петровиќ, Дулгеров (67’ Кабрал), Фазлиу (46’ Манојан), Пеев, Петковски, Блажевски, Илијоски.

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Чубраковиќ, Илиев (80’ Иванов), Димов, Трајановски, Атанаскоски, Темелков, Стоилов, Стојковски, Крстовски (72’ Пандев), Стојков, Дориев (60’ Миловановиќ).