shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Победа – Работнички

Победа – Работнички

-

Победа

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички стигна до првата пролетна победа, совладувајќи го тимот на Победа на гости во Кичево со 0-1. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Владимир Димитровски во 21.минута од натпреварот.

Тој се снајде одлично по корнерот од десната страна и со удар со глава ја смести топката зад грбот на Дарко Тофилоски.

Теренот на Градскиот стадион во Кичево не дозволи да се игра допадлив фудбал. Многу значајно беше што Работнички релативно брзо дојде до предност.

Потоа се заканија и Баже Илијоски и Дејан Блажевски, но најважно беше да се одржи минималното водство.

Со овие три бода, Работнички има вкупно 31 и се наоѓа на четвртата позиција на табелата во Првата фудбалска лига.

ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 0-1 (0-1)

Градски стадион во Кичево. Судија: Васко Мавров (Струмица). Стрелец: Димитровски 21’ (Работнички). Ж. картони: Јаќимовиќ, Тимовски, Асани (Победа), Ацковски, Петковски, Херера, Кабрал (Работнички).

ПОБЕДА: Тофилоски, Тимовски, Паноски, Јаќимовиќ, Каланоски (46’ Трајкоски), Макота, Карчески, Спиркоски, Танушев, М. Наумоски (70’ Асани), Ј. Наумоски (77’ Гешоски).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Ѓоргиевски, Вијачки, Димитровски, Херера, Ацковски (46’ Манојан), Пеев, Кабрал, Петковски (60’ Шаркоски), Блажевски (90’ Гофри), Илијоски.