shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Ренова

Работнички – Ренова

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Ренова

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички одигра 1-1 против Ренова на арената „Филип Втори“ во премиерниот меч од пролетниот дел на сезоната. Нашиот тим имаше водство со голот на Петар Петковски во 45.минута од натпреварот, а Ренова израмни од вториот пенал, кој го реализираше Ненад Мишковски, во судиското продолжение од мечот. Работнички од 67.минута играше со играч помалку поради исклучувањето на Милован Петровиќ.


Воведните минути му припаднаа на Работнички, се закани Баже Илијоски, но без ефект. Потоа возврати Ренова преку Гафури и Мбела. Но, сепак, Петар Петковски во 45.минута постигна водечки гол за Работнички.

Во вториот дел дојдоа главоболките за тренерот Жикица Тасевски. Во 67.минута Милован Петровиќ доби црвен картон за играње со рака на гол-линијата и беше досуде пенал за Ренова. За среќа, Влатко Стојановски шутираше над гредата.

Ренова израмни во судиското продолжение. Стојан Стојчевски играше невнимателно со рака, беше досуден втор пенал, а Ненад Мишковски успешно го реализираше.

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 1-1 (1-0)

Арена „Филип Втори“. Судија: Марјан Гоцевски (Струмица). Стрелци: Петковски 45’ (Работнички), Мишковски 90’ пен. (Ренова). Ж. картони: Стојчевски (Работнички). Ц. картон: Петровиќ (Работнички).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Ѓоргиевски, Вијачки, Димитровски, Херера, Петровиќ, Пеев, Кабрал, Петковски (89’ Стојчевски), Блажевски (72’ Дилгеров), Илијоски (78’ Шаркоски).

РЕНОВА: Ѓуриќ, Мишковски, Зука (64’ Фетаи), Велија, Абдула, Мустафов, Сулејмани (46’ Рамадани), Гафури, Нухи, Стојановски, Мбела (73’ Кадриу).