shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – А.Пандев

Работнички – А.Пандев

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

А.Пандев

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички ја оствари третата победа по ред во Првата фудбалска лига и со девет освоени бода се искачи на првата позиција на табелата. Нашиот тим на вечерашниот меч од четвртото коло, на арената „Филип Втори“ со 1-0 го совлада досегашниот лидер, тимот на Академија Пандев. Стрелец на единствениот гол беше Остоја Стјепановиќ од пенал во 13.минута од натпреварот.

Работнички подобро го отвори дуелот, а Шаркоски падна во шеснаесетникот, но наместо пенал доби жолт картон. Сепак, во 13.минута, Игор Недељковиќ беше срушен во казнениот простор од голманот Чубраковиќ и беше досудена најстрога казна. Остоја Стјепановиќ беше сигурен реализатор.

По водството, Работнички играше мудро, ги затвораше приодите кон голот, но Академија Пандев сепак создаде неколку убави можности. Марио Крстовски не успеа да погоди од одлични позиции во 27.минута, а потоа и во 43.минута.

Во вториот дел, нашиот тим се определи за игра на противнапади, убава можност пропушти Недељковиќ за да го завери успехот, а на спротивната страна повторно непрецизен беше Марио Крстовски, како и Љупчо Дориев.

На крајот, Работнички заслужено стигна до триумф и до три нови бода, како и трета последователна победа во првенството.

ПРВА ЛИГА, 4.КОЛО

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0 (1-0)

Арена „Филип Втори“. Гледачи: 300. Судија: Јосип Бартон. Стрелец: Остоја Стјепановиќ пен. 13’ (Работнички). Ж. картони: Шаркоски, Митрев, Недељковиќ, Ф. Петковски (Работнички), Чубраковиќ (А. Пандев).

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Стевиќ, Митрев, Борха, Стјепановиќ, Шаркоски (62’ Ацковски), Пеев, Стевановиќ (57’ Фазлиу), Бопесу, П. Петковски, Недељковиќ (84’ Ф. Петковски).

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Чубраковиќ, Димов, Илиев, Костов, Маневски (88’ Шиков), Иванов, Стоилов, Михаилов (60’ С. Пандев), Миловановиќ (60’ Стојков), Дориев, Крстовски.