shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Хонвед – Работнички

Хонвед – Работнички

-

Хонвед

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички не успеа да ја зачува предност од 2-1 од првиот натпревар во Скопје, па со убедлив пораз од 4-0 на гостувањето против Хонвед во Будимпешта се збогуваше од квалификациите во Лигата на Европа ова лето.

Пресудија двете грешки на одбраната уште во првата фаза од мечот. Лесни погодоци им подаривме на Унгарците кои знаеја да искористат за да дојдат до предност од 2-0 веќе по само 16 минути игра. Најпрво во 6. минута, Филип Холендер изби сам пред нашиот гол лесно совладувајќи го Божиновски, а истиот фудбалер во 16. минута мудро и избега на одбрана на Работнички за водство и од 2-0.

Шанса за погодок Работнички имаше во 45. минута, но шутот на Стевановиќ од убава позиција беше блокиран од домашната одбрана.

Првата шанса во второто полувреме беше за нашиот тим, но Оливер Пеев шутираше непрецизно во 57. минута.

Пет минути потоа дојде и клучниот момент кој ги скрати надежите за пласман понатаму. Херера направи прекршок во сопствениот шеснаесетник за пенал на Хонвед, притоа заработувајќи и директен црвен картон. Данило беше сигурен реализатор на ударот од белата точка за 3-0.

Конечните 4-0 ги постави Данило во 84. минута шутирајќи откосо од непосредна близина во мрежата на Божиновски.

ФОТО: ФК Хонвед

ЛИГА ЕВРОПА – ПРВО КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО (реванш меч)

ХОНВЕД (УНГ) – РАБОТНИЧКИ (МКД) 4-0 (2-0)

Стрелци: Холендер 6′, 16′, Данило 63′(п), 84′ (Х). Црвен картон: Херера 62′ (Р)

ХОНВЕД: Гроф, Батик, Камбер, Дино, Хефлер, Наѓи, Вадош, Газдаг, Узома, Холендер, Данило

Тренер: Атила Шупка

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Стевиќ, Најдовски, Митрев, Херера, Пеев, Стјепановиќ, Бопесу, Шаркоски (70′ Гофри), Стевановиќ, Петковски (70′ Ф. Петковски)

Тренер: Ѓоре Јовановски