shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Хонвед

Работнички – Хонвед

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Хонвед

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички оствари триумф од 2-1 против Хонвед во првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Нашиот клуб успеа да обезбеди предност пред реваншот што ќе се игра за шест дена во Будимпешта. Тимот на Ѓоре Јовановски одигра квалитетно и може да се надева на пласман во следната рунда од ова европско натпреварување.

Остоја Стјепановиќ прв се закани од слободен удар, но шутираше за малку над голот во 12.минута. Данило и Вадоч возвратија на спротивната страна, но Божиновски ги скроти нивните удари.

Во 33.минута, Работнички стигна до водство. Петар Петковски доби одлична топка, излезе сам пред голманот Давид Гроф и рутински пласираше крај него погодувајќи ја мрежата.

Пред самиот истек на првиот дел, Хонвед израмни. Герг Наѓи упати силен шут од 30 метри и погоди во горниот десен агол од голот на Даниел Божиновски.

Но, Работнички повеќе го посакуваше триумфот на овој меч. Во 60.минута, нашиот тим стигна до нова предност. Љубомир Стевановиќ нафрли од левата страна, а Николче Шаркоски одлично се снајде во шеснаесетникот и со одмерен удар постигна погодок.

Во 77.минута, Даниел Газдаг имаше шанса за Хонвед, но не беше прецизен. Работнички имаше шанса и за 3-1, но во последен момент голманот на Хонвед успеа да спаси, откако самиот прво направи грешка.

ЛИГА ЕВРОПА, ПРВО КОЛО ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ

РАБОТНИЧКИ – ХОНВЕД 2-1 (1-1)

Комплекс на ФФМ. Гледачи: 1.000. Судија: Кристо Тонвер (Естонија). Стрелци: Петковски 33’, Шаркоски 60’ (Работнички), Наѓи 45’ (Хонвед). Жолти картони: Херера, Стјепановиќ (Работнички), Батик (Хонвед).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Стевиќ, Најдовски, Митрев, Херера, Пеев, Стјепановиќ, Стевановиќ (88’ Садики), Бопесу, Шаркоски (70’ Ф. Петковски), П.Петковски (79’ Гофри).

ХОНВЕД: Гроф, Холендер, Шкворц, Батик, Узома (72’ Кукоч), Камбер, Вадоч, Газдаг, Наѓи (88’ Бамба), Лукач (68’ Мајер), Данило.