shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

А.Пандев – Работнички

А.Пандев – Работнички

-

А.Пандев

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички оствари важен триумф во Турново, совладувајќи го тимот на Академија Пандев со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Чарлс Гофри во 87.минута од натпреварот. По овој триумф, нашиот тим сега се искачи на третата позиција на табелата со 48 бода, во пресрет на последните две кола од шампионатот.

Беше тоа важен натпревар за тимот на Ѓоре Јовановски, и двата тима внимаваа на сопствената мрежа, а дури потоа се обидуваа да го загрозат и противничкиот гол. Временските услови и силниот дожд во првото полувреме не дозволија многу фудбал, но потоа се беше поинаку.

Во 62.минута, Академија Пандев остана со играч помалку по исклучувањето на Чешмеџиев, а тоа го искористи тренерот Ѓоре Јовановски да уфрли уште поофанзивни играчи во тимиот. Меѓу нив и Чарлс Гофри, кој на крајот се покажа како човек на одлука.

Во 86. минута, по акцијата на Ангелов од десната страна, шутираше Маркоски, неговиот удар беше блокиран, но топката дојде до Чарлс Гофри, кој од непосредна близина успеа да ја затресе мрежата. До крајот, Работнички успеа да ја одржи минималната предност и да слави важен триумф, за искачување на третата позиција на танелата.

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 0-1 (0-0)

Стадион Кукуш во Турново. Гледачи: 500. Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје). Стрелец: Чарлс Гофри 86′ (Работнички). Ж. картони: Чешмеџиев, Дориев, Атанасов (Академија Пандев), Крмар, Најдовски (Работнички). Црвен картон: Чешмеџиев (Академија Пандев).

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Истатов, Димов, Атанаскоски, Илиев, Чешмеџиев, Дориев, Иванов, Стоилов (63′ Грифони), Атанасов, Пандев (80′ Мишов), Миловановиќ (69′ Ганчев).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Крмар, Најдовски, Красниќи, Асани, Трајчевски, Стјепановиќ, Петковски (63′ Гофри), Серџо јуниор (63′ Кировски), Маркоски, Ангелов.