shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Силекс

Работнички – Силекс

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Силекс

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички ја оствари првата победа под раководство на новиот шеф на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски. На комплексот на ФФМ, нашиот тим како домаќин го совлада Силекс со 2-0. Тоа е мошне важна победа за Работнички во обидот да ја исполни својата цел за излез на европска сцена.

Беше тоа тежок и неизвесен натпревар со мал број на шанси. Митрев и Ангелов ги упатија првите удари кон голот на Силекс, а возврати Тимов. Работнички поведе во 29.минута, со погодокот на Христијан Кировски. Гостинскиот голман Милан Митровиќ ја испушти топката по еден центаршут, најдобро се снајде Кировски во противничкиот шеснаесетник и успеа да постигне водечки гол.

Силекс сакаше да возврати преку Тимовски, но Божиновски успеа да одбрани.

Во второто полувреме, Работнички се определи за противнапади, а Силекс не успеваше да ја пробие одличната одбрана на нашиот тим. Во 83.минута, Стојанчо Велинов упати удар од 16 метри, но Митровиќ одбрани. Точка на триумфот стави Чарлс Гофри во судиското продолжение од натпреварот, кога по еден противнапад излезе сам пред Митровиќ, и го надмудри откосо од десната страна.

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 2-0 (1-0) 

Комплекс на ФФМ. Судија: Зоранчо Темелков (Кавадарци). Стрелци: Кировски 29’, Гофри 90’ (Работнички). Ж. картони: Рашо, Кировски, Митрев (Работнички).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Рашо, Митрев, Најдовски, Херера, Трајчевски, Стјепановиќ, Маркоски, Петковски (83’ Гофри), Ангелов (65’ Серџо јуниор), Кировски (76’ Велинов).

СИЛЕКС: Митровиќ, Тимовски, Ф. Глигоров, Благојевиќ, Стојчевски, Гуцев, Г. Глигоров, Филиповски, Пановски, Филиповиќ, Тимов.