shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Вардар – Работнички

Вардар – Работнички

-

Вардар

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички го загуби градското дерби против Вардар со 1-0, во одложениот меч со кој дефинитивно се заокружи есенската полусезона во Првата лига. По 18 одиграни кола, Работнички е петтопласиран на табелата со 23 освоени бода.

Стрелец на единствениот гол за Вардар на денешниот натпревар беше Тигран Барсегјан во 78.минута од средбата.

Првата шанса на натпреварот ја имаше Фелипе, кој се закани со удар од далечина во десеттата минута, а Божиновски одлично одбрани и исфрли во корнер. Потоа се закани и Новак со удар со глава, но не беше прецизен.

Работнички успеа да ја неутрализира играта на Вардар во првиот дел. Сепак, во вториот дел не го издржа притисокот до крај.

Бобан Николов во 74.минута го погоди дирекот по проигрувањето од Стојков, а три минути подоцна Божиновски со одлична интервенција го спаси голот по ударот на Максимов. Но, во 78.минута, Тигран Барсегјан успеа да постигне погодок. По центаршутот на Фелипе од левата страна, топка дојде до Барсегјан, кој со прецизен удар ја погоди мрежата на Работнички.

На спротивната страна, се обиде да возврати Чарлс Гофри, но не беше прецизен.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 1-0 (0-0)

Арена „Филип Втори“ во Скопје. Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје). Стрелец: Барсегјан 78′ (Вардар). Ж. картони: Максимов, Марковиќ (67′ Глигоров), Демири (Вардар), Дурански, Гофри, Ефтимов, Митрев (Работнички).

ВАРДАР: Гачевски, Муслиу, Велковски, Новак, Демири, Марковиќ, Стојчевски (63′ Стојков), Николов, Фелипе, Барсегјан, Максимов (83′ Тодороски).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Илиев, Митрев, Садики (82′ Кадриу), Билали (55′ Ефтимов), Дурански, Тодоров, Велинов, Маркоски, Сержо јуниор, Гофри (85′ Сахити).