shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Шкендија – Работнички

Шкендија – Работнички

-

Шкендија

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички забележа минимален пораз (2-1) од Шкендија во Тетово, во рамките на 14.коло од Првата фудбалска лига. Нашиот тим имаше водство, имаше и поволен резултат се до завршницата, кога беше досуден пенал за Шкендија, што во водство и триумф го претвори Ферхан Хасани во 82.минута. По ова, Работнички играше и со играч помалку поради исклучувањето на Нехар Садики.

Работнички прв се закани во 18.минута, кога Сержо јуниор го проигра Стјепановиќ, тој шутираше кон голот, но неговиот обид беше блокиран во последен момент. По ова, возврати Бесарт Ибраими, а одлично реагираше Даниел Божиновски.

Работнички поведе во Тетово во 35.минута. Остоја Стјепановиќ одлично го проигра Чарлс Гофри, тој ја претрча одбраната на Шкендија, влезе во шеснаесетникот и го надмудри Захов.

Но, Шкендија израмни пет минути подоцна. Стрелец беше Марјан Радески, кој со глава ја погоди мрежата. Претходно во оваа акција, Хасани од слободен удар ја погоди гредата, а Емини дирекот од голот на Работнички. Во третиот обид, Радески постигна гол.

Во второто полувреме, Шкендија имаше неколку одлични шанси, а Божиновски бравурозни интервенции. Тој ги одбрани ударите на Радески, на Ибраими, а потоа и на Хасани. Се обиде и Тодоровски од десната страна, но не беше прецизен. На спротивната страна, се заканија Гофри и Велинов.

Во 82.минута, Садики го собори Ибраими, се чини дека фаулот беше надвор од шеснаесетникот, но беше покажан пенал за Шкендија, а нашиот дефанзивец заработи втор жолт картон.

Ферхан Хасани успеа да го реализира пеналот што беше и пресудно за освојување на трите бода.

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 2-1 (1-1)

Градски стадион во Тетово. Судија: Александар Ставрев. Стрелци: Радески 40’, Хасани 82’ пен. (Шкендија), Гофри 35’ (Работнички). Ж. картони: Бејтлуаи, Жуниор, Теќа (Шкендија), Садики, Илиев, Стјепановиќ, Сержо јуниор, Тодоров (Работнички). Црвен картон: Садики (Работнички).

ШКЕНДИЈА: Захов, Тодоровски, Теќа, Цуцули, Бејтулаи, Алими, Тотре (30’ Зејнулаи), Емини (63’ Жуниор), Радески, Хасани, Ибраими (90’ Бојку).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Илиев, Садики, Митрев, Билали, Трајчевски (70’ Маркоски), Стјепановиќ (78’ Најдовски), Тодоров, Велинов (84’ Сахити), Сержо јуниор, Гофри.