shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ренова – Работнички

Ренова – Работнички

-

Ренова

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички забележа пораз од 3-1 против Ренова во Тетово, во рамките на десеттото коло од Првата фудбалска лига.

Домаќинот поведе во шестата минута, кога Арџнет Гафури успеа да ја затресе мрежата на Дамјан Шишковски. По ова, Работнички се обиде да возврати, имаше закани од Кире Маркоски и од Емир Сахити од далечина, но сепак, Ренова замина на одмор со минимално водство.

Во 57.минута, беше досуден пенал за Ренова, а сигурен реализатор беше Валмир Нафиу. Кире Маркоски сепак успеа да постигне погодок и да намали на 2-1 во 72.минута.

Серџо јуниор нафрли од десната страна, Велинов ја спушти топката за Кире Маркоски, кој реализираше од непосредна близина.

Во завршницата, Работнички тргна по израмнување, но тоа го искористи Ренова за да постигне трет гол преку Валмир Нафиу и да ги освои трите бода на овој меч.

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 3-1 (2-0)

Градски стадион во Тетово. Судија: Александар Ставрев. Стрелци: Гафури 6’, Нафиу 57’ пен., 90’ (Ренова), Маркоски 72’ (Работнички). Ж. картони: Иљази, Гафури, Велија, Нафиу, Маркос, Мишковски (Ренова), Кадриу, Погосјан (Работнички).

РЕНОВА: Кобетиќ, Велија, Мишковски, Фетаи, Незири, Иљази (89’ Темелков), Маркос (78’ Јусуфи), Нухи, Гафури (82’ Садики), Рамадани, Нафиу.

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Билали, Садики, Кадриу, Херера, Стјепановиќ (46’ Тодоров), Дурански, Сахити (71’ Погосјан), Маркоски, Гофри (46’ Велинов), Серџо јуниор.