shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Силекс

Работнички – Силекс

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Силекс

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички ремиизираше без голови против Силекс во рамките на 8.коло од Првата фудбалска лига. По ова, нашиот тим е е уште без триумф на домашен терен оваа сезона. На денешниот натпревар на клупата дебитираше новиот шеф на стручниот штаб, Горан Станковски.


Тимов и Филиповиќ се заканија први кон голот на работнички, но возврати Дурански со шут од 25 метри. Сепак, немаше голои по првото полувреме.

Во вториот дел, тренерот Горан Станковски во игра ги уфрли и Сержо јуниор и Вардан Погосјан, сакајќи да стигне до триумф. Сержо јуниор имаше убав обид во 80.минута, но голманот на Силекс, Милан Митровиќ успеа да одбрани. По ова, Кристијан Филиповски се закани од слободен удар, но Шишковски беше на висина на задачата. На крајот двете екипи ги поделија бодовите.

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 0-0

Арена „Филип Втори“. Гледачи: 300. Судија: Марјан Гоцевски (Струмица). Ж. картони: Гофри, Сержо ј. (Работнички), Гуцев, Тимовски, Николовски, Тимов (Силекс).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Илиев (77’ Херера), Рашо, Митрев, Билали, Садики, Дурански, Стјепановиќ, Велинов (46’ Сержо јуниор), Сахити (63’ Погосјан), Гофри.

СИЛЕКС: Митровиќ, Тимовски, Стојчевски, Филиповиќ, Гуцев, Ф. Глигоров, Георгиев (55’ Иванов), Николовски, Филиповски, Ѓорѓевиќ (67’ Бујчевски), Тимов (82’ Г. Глигоров).

Dog