shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Шкендија (1-1)

Работнички – Шкендија (1-1)

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Преглед

Работнички ремизираше (1-1) против Шкендија во првиот осминафинален натпревар од Купот на Македонија. На стадионот во Ѓорче Петров, гостите први поведоа со голот од пенал на Бесарт Ибраими во 37.минута, а израмни Филип Дурански со удар со глава во 68.минута. Седум минути подоцна Чарлс Гофри имаше одлична можност да донесе и предност за нашиот тим пред ревашот во Тетово, но не успеа да ја реализира изгледната шанса, кога излезе сам пред голманот Захов.

Мечот почна со мирна игра од двете страни. Во 23.минутa, Емир Сахити нафрли од слободен удар, а одбраната на Шкендија сакајќи да расчисти за малку ќе постигнеше автогол.

Бесарт Ибраими се закани со удар од далечина, но беше блокиран во 30.минута, а седум минути подоцна беше досуден пенал за Шкендија. Рашо во сопствениот шеснаесетник стартуваше невнимателно над Изаир Емини, а реализацијата му припадна на Бесарт Ибраими, за водство на Шкендија од 0-1.

Во 51.минута, Томислав Илиев шутираше откосо од десната страна, но Захов го одбрани неговиот удар. По ова се закани и Погосјан, но без ефект, а израмнувањето дојде во 68.минута.

Остоја Стјепановиќ нафрли во шеснаесетникот, од позадина втрча Филип Дурански и со удар со глава ја затресе мрежата на Шкендија. Во 75.минута, нововлезениот Чарлс Гофри имаше колосална можност за водство. Стјепановиќ одлично го проигра, тој излезе сам пред Захов, но наместо да шутира тргна во дриблинг и погреши.

Реваншот ќе се игра во Тетово на 18.октомври.

ОСМИНАФИНАЛЕ ОД КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА – ПРВ НАТПРЕВАР

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 1-1 (0-1)

Стадион во Ѓорче Петров. Гледачи: 500. Судија: Марјан Маркоски (Охрид). Стрелци: Дурански 68’ (Работнички), Ибраими 37’ пен. (Шкендија).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Илиев, Рашо, Садики, Билали, Стјепановиќ, Дурански, Е.Сахити, Маркоски, Погосјан, Кадриу.

ШКЕНДИЈА: Захов, Мурати, Бејтулаи, Цуцули, Челиковиќ, Тодоровски, Тотре, Алими, Хасани, Емини, Ибраими.

Dog