shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Шкендија

Работнички – Шкендија

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Шкендија

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички загуби од Шкендија (1-3) на денешниот првенствен натпревар што се одигра на стадионот во Ѓорче Петров. Иако нашиот тим имаше водство од 1-0 по првото полувреме, сепак, тоа не беше доволно за избраниците на Виктор Треневски да стигнат до позитивен резултат.

1-IMG_4619
Ивановски и Емир Сахити први се заканија кон голот на Шкендија, но возврати Положани погодувајќи ја гредата со удар од 14 метри во 20.минута од средбата.

Во 31.минута, Елиф Елмас имаше одлична шанса за водство, но Захов го одбрани неговиот удар, а тоа беше и најава за голот за Работнички. Нехар Садики го доведе Работнички во водство во 34.минута.

Младиот дефанзивец се најде на вистинското место во 34.минута, одлично реагираше на центаршутот од левата страна, и со удар со глава ја смести топката во мрежата на Шкендија.

1-IMG_4724

Со овој резултат Работнички и замина на полувреме.

Во вториот дел, Шкендија тргна многу поагресивно кон голот на Шишковски. Бесарт Ибраими во 56.минута донесе израмнување за гостите, а само три минути подоцна Шишковски го одбрани ударот на радески од непосредна близина.

1-IMG_4610

Во 72.минута, сепак, Шишковски беше немоќен. Јуфо се реши на удар од 20 метри и со прецизен шут погоди во долниот десен агол од голот на Шишковски.
По ова, Работнички тргна по израмнување, а Бесарт Ибраими тоа го казни со трет погодок за Шкендија во 84.минута од средбата. Гостите славеа со 1-3.

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 1-3 (1-0)

Стадион во Ѓорче Петров. Гледачи: 700. Судија: Александар Ставрев (Скопје). Стрелци: Садики 34’ (Работнички), Ибраими 56’, 84’, Јуфо 72’ (Шкендија). Ж. картони: Најдовски, Херера (Работнички), Тотре, Жуниор, Ибраими, Положани (Шкендија).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Садики (61’ Најденов), Најдовски, Томаш, Херера, Трајчевски, Елмас, Маркоски (60’ С. Сахити), Е. Сахити (80’ Радешина), Ивановски.

ШКЕНДИЈА: Захов, Тодоровски, Цуцули, Положани, Менендез (89’ Бојку), Вујчиќ, Алими, Тотре (46’ Јуфо), Жуниор (41’ Радески), Хасани, Ибраими.