shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Шкендија (0-2)

Работнички – Шкендија (0-2)

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Преглед

Работнички доживеа пораз (0-2) од Шкендија во првиот осминафинален натпревар од Купот на Македонија. По ова, шансите на нашиот тим за продолжување во следната рунда од најмасовното натпреварување се сериозно намалени. Работнички се држеше добро до завршницата, кога попушти концентрацијата на избраниците на Виктор Треневски, а Шкендија тоа умееше да го казни со головите на Арменд Алими во 74.минута и на Марјан Радески во 79.минута од средбата.

rabotnicki - skendija kup 6

На стартот, Емир Сахити имаше две убави можности за да го отвори резултатот. Во шестата минута, Захов го одбрани неговиот удар, а неколку минути подоцна шутираше непрецизно. Возврати Алими на спротивната страна со закана од далечина.

По ова, Филип Ивановски шутираше со глава по корнерот на Наумчевски, а Емир Сахити уште еднаш се закани, но одлично реагираше одбраната на Шкендија. Во 43.минута, Суад Сахити одлично проигра, а Силјановски не реагираше најдобро пред голот на Шкендија. Веќе во следната акција, Тотре со удар од далечина ја погоди гредата од голот на Шишковски.

Во вториот дел, сепак, до израз дојде искуството на гостите. Жуниор имаше шанса, но Шишковски го одбрани неговиот удар, а потоа Арменд Алими постигна прекрасен погодок. Шкендија поведе во 74.минута. Пет минути подоцна, Марјан Радески, кој влезе како резерва во вториот дел, уште еднаш ја затресе мрежата на Работнички, за водство на Шкендија од 0-2, пред реваншот што ќе се игра во Тетово.

1/8-ФИНАЛЕ, КУП НА МАКЕДОНИЈА (ПРВ МЕЧ)

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0-2 (0-0)

Стадион во Ѓорче Петров. Гледачи: 500. Судија: Дејан Јакимовски (Скопје). Стрелци: Алими 74’, Радески 79’ (Шкендија).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Митрев, Рашо, Садики, Наумчевски, Најденов, С. Сахити (Маркоски), Дурански, Е. Сахити (Елмас), Ивановски.

ШКЕНДИЈА: Захов, Тодоровски, Цуцули, Балагуер, Положани, Алими (Бојку), Вујчиќ, Тотре, Хасани (Хаберкорн), Жуниор, Ибраими (Радески).