shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Македонија ЃП

Работнички – Македонија ЃП

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Македонија ЃП

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички успеа слави триумф од 2-1 над Македонија Ѓорче Петров, во натпревар од десеттото коло во Првата фудбалска лига. Иако имаше негатива по првиот дел (0-1) и во последните дваесетина минути играше со играч помалку поради исклучувањето на Леон Најдовски, сепак, нашиот тим стигна до трите бода. Кире Маркоски и Бојан Најденов беа стрелци на головите за Работнички.

IMG_0196

Македонија ЃП прва се закани. Кристијан Стојкоски во 15.минута излезе сам пред голманот, но Даниел Божиновски со пад во нозе одбрани и го спаси својот гол.

Осум минути подоцна, гостите дојдоа во водство, а стрелец беше Јашароски. Здравковски нафрли од слободен удар, во шеснаесетникот највисоко скокна Ален Јашаровски и со удар со глава ја затресе мрежата на Божиновски.

Работнички се обиде да израмни преку Херера од слободен удар, потоа и преку Елиф Елмас, но гостите заминаа со предност на полувремето.

Тренерот Виктор Треневски на почетокот на второто полувреме ги уфрли во игра Кире Маркоски и Нигериецот Адешина, а повторно Македонија ЃП прва се закани преку Кристијан Стојковски. Во 50.минута тој шутираше за малку непрецизно од 15 метри.

IMG_0215

Во 58.минута, Работнички го израмни резултатот. Нововлезениот Кире Маркоски се реши да шутира од 20 метри, и ја смести топката на вистинското место.

Во 73.минута, Работнички остана со играч помалку, откако судијата Александар Ставрев му покажа директен црвен картон на Леон Најдовски.

Но, и со играч помалку, во четвртата минута од судиското продолжение, Бојан Најденов со прецизен шут од слободен удар донесе триумф од 2-1 и нови три бода за нашиот состав.

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1 (0-1)

Арена „Филип втори“. Гледачи: 300. Судија: Александар Ставрев (Скопје). Стрелци: Маркоски 58’, Најденов 90+4’ (Работнички), Јашароски 23’ (Македонија ЃП). Ж. картони: Херера, Трајчевски, Силјановски, С. Сахити (Работнички), Јарароски, Цветановски, Здравковски, Костовски, Чешмеџиев, Ристовски (Македонија ЃП). Црвен картон: Леон најдовски (Работнички).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Силјановски, Митрев, Најдовски, Херера, Трајчевски, Најденов, Дурански (46’ Маркоски), С. Сахити (84’ Наумчевски), Елмас (46’ Адешина), Ивановски.

МАКЕДОНИЈА ЃП: Целески, Т. Стојковски, Чешмеџиев, Рамадан, Ристовски, Серафимовски, Цветановски (71’ Лазаревиќ), Здравковски, К. Стојковски, Костовски (65’ Хаџија), Јашароски (85’ Аломеровиќ).