shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Тре Пене – Работнички (0-1)

Тре Пене – Работнички (0-1)

Преглед

Работнички имаше успешен старт на новата европска сезона, победувајќи го Тре Пене на гости во Сан Марино со 0-1, во првиот меч од воведното прво коло во квалификациите за Лигата на Европа. Деан Митрев во 90.минута, со удар со глава, ја затресе мрежата на домашниот голман Мигани и донесе триумф за нашиот тим.

Победата е потполно заслужена, со оглед дека Работнички беше многу подобар противник на теренот. Уште од самиот почеток, тимот на Виктор Треневски диктираше игра, се обидуваше да стигне до водство, но Тре Пене, сепак, се покажа како добар во дефанзивата.

Во второто полувреме, Работнички уште повеќе го засили темпото, сакајќи да стигне до победа, и тоа даде резултат на самиот крај. Деан Митрев скокна највисоко и со удар со глава ја затресе мрежата на Тре Пене во 90.минута од натпреварот.

Реваншот ќе се игра во Скопје, на 6 јули, на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛИГАТА НА ЕВРОПА – ПРВО КОЛО

ТРЕ ПЕНЕ – РАБОТНИЧКИ 0-1 (0-0)

Стадион „Серавале“ во Сан Марино. Судија: Џејсон Ли Барсело (Гибралтар). Стрелци: Митрев 90’ (Работнички). Ж. картони: Гасперони, Мартини, Калцолари (Тре Пене), Најденов (Работнички).

ТРЕ ПЕНЕ: Мигани, Палаци, Фратернали, Роси, Мерендино, Патрењани, Гасперони, Гаи, Морети (63’ Мартини), Сантини (72’ Калцолари), Симончели.

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Илиев, Митрев, Рашо, Херера, Најденов (81’ Станковски), Трајчевски, Дурански, Маркоски, Кадриу, С. Сахити (73’ Е. Сахити).

Dog