shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Тре Пене (6-0)

Работнички – Тре Пене (6-0)

Преглед

Работнички оствари убедлив триумф над Тре Пене, совладувајќи го претставникот на Сан Марино со 6-0, во реваншот од првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Тимот на Виктор Треневски ја покажа својата надмоќ и комплетно го декласира ривалот на реваншот во Скопје, пласирајќи се во следната рунда.

Тре Пене имаше сили за достоен отпор во првите дваесетина минути. Потоа Работнички доминираше на овој меч. Суад Сахити го отвори резултатот во 28.минута, по акцијата со Дурански, а до крајот на првиот дел и Бојан Најденов се запиша меѓу стрелците во 43.минута.

Во вториот дел, уште четири гола во мрежата на Тре Пене. Најденов во 60.минута постигна прекрасен гол од слободен удар, кога со шут од 25 метри ја погоди мрежата на противникот. Нападите продолжија, па Кире Маркоски во 71.минута беше стрелец на четвртиот погодок на овој меч.

Во самиот финиш, Стојанче Велинов стапи на сцена. Во 80.минута зголеми на 5-0, а само две минути подоцна го постави и конечниот епилог на мечот. Работнички надмоќно се пласира во второто квалификациско коло од Лигата на Европа.

РАБОТНИЧКИ – ТРЕ ПЕНЕ 6-0 (2-0)

Комплекс „Петар Милошевски“ во ФФМ. Гледачи: 1.00. Судија: Манфредас Лукјанцукас (Литванија). Стрелци: С. Сахити 28’, Најденов 43’, 60’, Маркоски 71’, Велинов 80’, 82’ (Работнички). Ж. Картони: Рашо (Работнички), Мерендино, Мартини, Сучи (Тре Пене).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Рашо (62’ Илиев), Митрев, Шиков, Херера, Трајчевски, Најденов, Дурански (69’ Е. Сахити), С. Сахити (79’ Кадриу), Велинов, Маркоски.

ТРЕ ПЕНЕ: Мигани, Мерендино (81’ Сучи), Патрењани, Фратернали, Чесарини, Роси, Гаи, Палаци, Мартини, Симончели (73’ Калцолари), Морети (65’ Сантини).

Dog