shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Турново

Работнички – Турново

-

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Турново

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички оствари важен триумф над Хоризонт Турново, совладувајќи го со 2-0 на арената „Филип Втори“, во рамките на 26.коло од Првата фудбалска лига. Избраниците на Томислав Франц покажаа поголем квалитет од противникот, создадоа многу повеќе шанси пред голот на Турново, од кои искористија две за заслужено славје.

Работнички можеше да поведе уште во 17.минута. Во противничкиот шеснаесетник беше соборен Трајчевски, но Марјан Алтипармаковски не успеа да го реализира ударот од белата точка. Игески излезе како победник во овој нивен дуел.

elmas so turnovo 2
Сепак, иницијативата на нашиот тим продолжи, шанси имаа Елмас и Галиќ, а тоа беше најава за водечкиот погодок пред крајот на првиот дел, во 44.минута. Стрелец беше Елиф Елмас, кој одлично се снајде и ја затресе противничката мрежа. Силјановски центрираше од десната страна, а Елмас со удар со глава го матираше Игески.

altimarmakovski so turnovo

Во вториот дел, Марјан Алтипармаковски во 66.минута го зголеми водството на Работнички на 2-0, а Марко Пушкариќ во завршницата имаше одлична можност и за трет погодок за нашиот тим, но не реализираше.

По 26.првенствено коло, Работнички се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 36 освоени бода.

РАБОТНИЧКИ – ХОРИЗОНТ ТУРНОВО 2-0 (1-0)

Арена „Филип Втори“. Гледачи: 300. Судија: Фатон Мустафи (Тетово) Стрелци: Елмас 44’, Алтипармаковски 66’ (Раб). Ж. картони: Петровиќ, Трајчевски, Ристовски (Раб), Димов, Пандев, Таипи (Тур).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски (71’ Јованоски), Илиевски, Најдовски, Цикарски, Трајчевски, Петровиќ, Најденов, Галиќ (75’ Ристовски), Елмас (88’ Пушкариќ), Алтипармаковски.

Х.ТУРНОВО: Игески, Ѓеоргиевски, Ташев, Димов, Василев, К. Иванов (46’ Стоилов), Мавров, Божинов (73’ Т.Иванов), Пандев (51’ Крстовски), Таипи, Тимов.