shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Динамо Минск – Работнички (3-0)

Динамо Минск – Работнички (3-0)

Преглед

Работнички не успеа да се квалификува во третото квалификациско коло од Лигата на Европа, откако загуби со 3-0 на реваншот против  Динамо Минск во Белорусија. Иако имаше свои шанси, тимот на Виктор Треневски не успеа да ги искористи, за разлика од Динамо Минск, кој трипати стрелаше во мрежата на Дамјан Шишковски.

Во 19.минута, капитенот Душко Трајчевски имаше одлична можност да го донесе посакуваниот гол за Работнички на ова гостување. Тој излезе сам пред противничкиот голман Климович, но од 15 метри шутираше непрецизно. А, тоа Динамо Минск го казни само две минути подоцна.

Олександр Нојок доби дуел во близина на шеснаесетникот, се реши на удар откосо од десната страна и го надмудри Шишковски.

По ова, се обидоа Суад Сахити, кој во 30.минута го замени Леон Најдовски, потоа и Филип Дурански и Бојан Најденов, но не беа прецизни. Стојанчо Велинов со удар со глава шутираше крај голот пред самиот истек на првиот дел.

Во второто полувреме, Динамо Минск создаде капитална предност. Во 59.минута, Квашчински се закани со волеј удар, но Шишковски беше на висина на задачата, а девет минути подоцна Велинов се обиде од слободен удар, но директно во противничкиот голман.

Во 70.минута, Динамо Минск со голот на Галовиќ поведе со 2-0. Тој со удар со глава по корнерот од десната страна, ја погоди мрежата на нашиот тим. До крајот, и Антон Сарока постигна погодок во 84.минута, за сигурен триумф на Динамо Минск и пласман во следната рунда од квалификациите за Лигата на Европа.

ДИНАМО МИНСК – РАБОТНИЧКИ 3-0 (1-0)

Стадион „Трактор“ во Минск. Судија: Николас Раинвил (Франција). Стрелци: Нојок 21’, Галовиќ 70’, Сарока 84’ (Динамо Минск). Ж. картони: Лукиќ, Бегунов, Нојок, Лековиќ (Динамо Минск),

ДИНАМО МИНСК: Климович, Галовиќ, Кузменок, Сачивко, Остроук, Нојок, Бегунов (71’ Карпович), Лековиќ, Лукиќ (78’ Николиќ), Сарока, Квашчински (86’ Кијко).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Рашо, Митрев, Најдовски (30’ С. Сахити), Билали, Херера (69’ Кадриу), Најденов, Трајчевски, Дурански (82’ Станковски), Велинов, Маркоски.