shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Вардар – Работнички

Вардар – Работнички

-

Вардар

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

Работнички

Позиција Goals Assists Yellow Cards Red Cards
 0000

На кратко

Работнички минимално го загуби градското дерби против Вардар со 1-0. Иако нашиот тим имаше повеќе шанси, диктираше игра и темпо, сепак, шампионот Вардар го постигна единствениот погодок на овој меч, а беше дело на Бобан Николов во 28.минута од средбата.

Избраниците на Виктор Треневски одлично го започнаа мечот. Елмас и Кире Маркоски се заканија кон голот на Гачевски. По ова, Вардар воспостави рамнотежа, а поведе по првата посериозна можност пред голот на Шишковски.

Во 28.минута, Боарето шутираше кон голот на Работнички, Шишковски одбрани, топката удри во дирекот, се одби во поле, а Бобан Николов ја спроведе во мрежата.
Возврати Филип Ивановски, но непрецизно, а Фелипе од слободен удар го тестираше Шишковски.

1-IMG_1231

Во 52.минута, Работнички имаше убава шанса за израмнување. Кире Маркоски доби топка по левата страна, шутираше откосо од десетина метри, но Гачевски одбрани и исфрли во корнер. Потоа се закани и Херера од левата страна, а Силјановски упати силен шут, кој Гачевски повторно го одбрани.

Во 71.минута, Филип Ивановски беше во шанса, но шутираше над голот на Вардар. Најденов се обиде со удар од далечина, но Гачевски беше на вистинското место десетина минути пред крајот на мечот.

Во самата завршница, Херера шутираше од слободен удар, но Гачевски уште еднаш ја спаси својата мрежа.

По овој пораз, Работнички останува на втората позиција на табелата во Првата лига, со 12 оевоени бода по шест одиграни кола.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 1-0 (1-0)
Арена „Филип Втори“. Гледачи: 500. Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје). Стрелци: Николов 28’ (Вардар). Ж. картони: Хамбарџумјан, Асани, Љамчевски (Вардар), Митрев (Работнички).
ВАРДАР: Гачевски, Хамбарџумјан (74’ Брдаровски), Грнчаров, Новак, Љамчевски, Велковски (46’ Асани), Николов, Којашевиќ (64’ Петковски), Фелипе, Боарето.

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Митрев, Рашо, Херера, Трајчевски, Елмас (72’ Дурански), Најденов, Маркоски (61’ Е. Сахити), С. Сахити (86’ Ристовски), Ивановски.